Македонија
СДСМ: Мицкоски е обичен заложник на Апасиев, антиевропски политичар, кој дејствува на штета на државата

Христијан Мицкоски секојдневно потврдува дека е само обичен заложник на Левицата и на Димитар Апасиев, па и оттаму потребата постојано да глуми радикал, реагираат од владејачкиот СДСМ на денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за уставните измени.
„Единствениот план на Мицкоски е да го следи Апасиев и со него да се натпреварува со блокади и деструкции со цел да го попречи европскиот пат на државата. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски не поддржа ниту една одлука, не учествуваше во ниту еден процес важен за евроинтеграциите и за меѓунардоното потврдување на државата. Но, затоа, истата ВМРО-ДПМНЕ правеше и прави сè да ја загрози европската иднина, да пласира лажни вести со кои ќе ја манипулира и вознемирува јавноста“, се посочува во ракцијата од СДСМ.
Според нив, така се правело и за време на пандемијата на коронавирусот, и за време на европскиот предлог и за време на енергетската криза, „така прават и сега кога треба да се носат реформи со кои ќе се интензивира евроинтегративниот процес“.
„Без разлика на дејствувањето на Мицкоски, СДСМ нема да се откаже од европската иднина. Силно и одлучно ќе продолжиме по европскиот пат, а Мицкоски и Апасиев ги чекаат нови порази“, потенцират од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Стефковски: Започнавме со изградба на осум нови спортски терени

Градоначалниот на општина Гази Баба Бобан Стефковски направи увид на градежните активности за изградба на нов спортски терен на најсовремена тартан подлога кој се гради во Ченто кај старата полициска станица.
Со ова започна реализацијата на новиот проект: Изградба на 8 спортски терени на тартан подлога во населените места низ општина Гази Баба, известуваат од Општината.
„Во мојата изборна програма со која ја добив довербата од граѓаните во 2021 година стоеше ветувањето: ‘Подобрување на спортската инфраструктура во населените места и подобрување на условите за спортување на младите’, денес со гордост можам да кажам дека и ова ветување е исполнето во целост. Досега изградивме 27 спортски терени, а со изградбата на новите 8, оваа бројка ќе биде 33 спортски терени изградени за само 4 години, нешто што никогаш претходно не се случило“, истакна градоначалникот Стефковски.
Македонија
Данела Арсовска до Орце Ѓорѓиевски: Дај одговори им на скопјани зошто се криеш и лажеш за надлежностите за УСЈЕ

„Добро утро Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е што ти досаѓам, гарант ќе ти преседне утринското кафе со Хрисафов од Усје, знаеш она истото УСЈЕ што го загадува Скопје!“, напиша градоначалничката Данела Арсовска на социјалните мрежи.
„Туку дај одговори им на скопјани зошто се криеш и лажеш за надлежностите за УСЈЕ, а бидејќи си јак претседател на сите општини на ЗЕЛС, ингеренциите на секоја општина вклучително и на својата добро ги знаеш (се надевам)
1. Интегрираната А лиценца на УСЈЕ не е надлежност на Град Скопје туку е надлежност на Министерството за животна средина на Изет Меџити ама на него не смееш да му писнеш
2. Град Скопје како единица на локална самоуправа е единствена општина што правела надзор врз УСЈЕ иако ИСТИТЕ НАДЛЕЖНОСТИ ГИ ИМАШ И ТИ (ама тебе или ти е страв, или имаш интерес, па глумиш ненадлежен)
3. Секој градоначалник вклучително и ти може да влезе во заеднички надзор по лично барање со Државниот инспекторат за животна средина во било кој индустриски објект, тоа како претседател на ЗЕЛС исто би требало да го знаеш
4. Јас поднесов кривична пријава за УСЈЕ за УТВРДЕНОТО ЗАГАДУВАЊЕ пред 2,5 години и трпам закани постојано, ама за тоа треба храброст, а не оправданија
На УСЈЕ иако им се измерени 300% ПМ10 честички над дозволеното, и ниво на азотни оксиди NOx 711,9 милиграми на м3 што е двојно повеќе од дозволеното, СЕУШТЕ НЕ ИМ Е ОДЗЕМЕНА ИНТЕГРИРАНАТА А ЕКОЛОШКА ЛИЦЕНЦА од Министерството за животна средина на Изет Меџити, ама пак има тој други посериозни проблеми не му е до животната средина“, пишува Арсовска.
Македонија
Уважена жалбата на Мојсоска за патните трошоци и кириите на пратениците

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер ја уважи жалбата на пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, со која таа реагираше дека Собранието континуирано одбива да ги обелодени патните трошоци и надоместоците за кирија на пратениците.
Од парламентарната партија Левица соопштија дека иако пратеничката во изминатите пет месеци поднесувала официјални пратенички барања до генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, одговор не бил доставен. Потоа, Мојсоска се обратила и како физичко лице со барање за пристап до јавни информации, но одговорот што го добила бил непотполен и паушален.
„Бујрумте скандинавци од власта, имате 15 дена да ги доставите трошоците на вашите галантни пратеници“, напиша Мојсоска на својот фејсбук профил.
Партијата извесно време алармира дека постои сомнеж дека дел од пратениците истовремено користеле и надоместоци за кирија и за патни трошоци.