Спорт
Маркез со пол-позиција во Португалија

Шесткратниот светски шампион во Мото ГП, Марк Маркез, го направи својот прв голем скок во новата сезона од премиерната класа, откако ги освои првите квалификации за 2023 година.
Пилотот на Хонда стигна до пол-позицијата за Големата награда на Португалија со време од 1:37.226, кое го забележа во последниот круг на „Портимао“. Тоа е и нов рекорд на патеката.
Веднаш до него ќе биде актуелниот светски шампион Франческо Бањаја (Дукати), кој беше за 0,064 секунди побавен од победникот во квалификациите. Третото место го освои мотоциклистот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, кој заостана 0,228 од секундата.
Локалниот миленик Мигел Оливеира (РНФ Априлија) денеска од 16 часот на спринт трката и утре ќе стартува како четврти, а заедно со него во вториот ред ќе бидат Жак Милер (КТМ) и Бастианини.
You can NEVER count @marcmarquez93 out! 🔥#PortugueseGP 🇵🇹 pic.twitter.com/wAt523IV2F
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) March 25, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Паника во Сити – Ерлинг Халанд на патерици

Најдобриот стрелец на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, по пласманот на неговиот тим во полуфиналето на ФА купот, стадионот „Виталити“ во Бормут го напуштил со помош на патерици.
Норвежанецот промаши пенал во 14. минута, а потоа погоди во 49. минута. Се повреди по еден час игра. Го повреди скочниот зглоб на посилната, лева нога, поради што е ногата му е во лонгета и мора да оди со помош на патерици.
BREAKING: Erling Haaland left Bournemouth with his left foot/ankle in a protective boot following the injury sustained in the second-half.
🎥 TikTok: celebstarclips pic.twitter.com/DNB2H8phyh
— City Xtra (@City_Xtra) March 30, 2025
Се уште не е познато колку долго ќе биде надвор од терените. Сити победи и се пласираше во полуфиналето благодарение на голот на Мармуш, кој го замени Халанд и го реши натпреварот по само две минути од влегивањето на теренот.
Сити во полуфиналето ќе игра против Нотингем Форест. Во второто полуфинале ривали се Кристал Палас и Астон Вила.
Спорт
(Видео) Тепачка во НБА , судиите поделија 12 технички и седум исклучувања

Тепачка и седум исклучувања го обележаа натпреварот меѓу Минесота и Детроит во НБА лигата.
Пет кошаркари и двајца тренери беа исклучени по тепачката во втората четвртина. Детроит остана без главниот тренер Џеј Бикерстаф, центарот Исаја Стјуарт, крилото Рон Холанд и бекот Маркус Сусер. Исклучени кај Минесота беа крилото Наз Рид и бекот Донте ДиВинченцо, како и помошникот тренер Пабло Приџони.
— Rob Perez (@WorldWideWob) March 30, 2025
„Очигледно работите отидоа предалеку“, рече Бикерстаф. „Но, она што го гледате е дека момците се грижат еден за друг, се штитат еден со друг, со го чуваат грбот. Тоа се работи за кои не може да се преговара во нашата соблекувална“.
Тепачката изби на 8:36 до крајот на полувремето, додека Пистонс водеа 39:30. Стјуарт доби техничка грешка неколку моменти претходно откако силно го удри ДиВинченцо по свирежот на судијата.
Потоа Холанд направи прекршок кога ја исфрли топката од рацете на Рид во близина на основната линија.
Двајцата си разменија зборови, ДиВинченцо се приближи и го фати Холанд за дресот, а набрзо во толпата се најдоа сите 10 играчи на теренот, како и неколку тренери и членови на медицинскиот персонал.
Isaiah Stewart after the scuffle in Minnesota, with 7 ejections, pointing at his jersey "Detroit"…
Bad Boys 2.0 ☠️ Lfg! pic.twitter.com/u0WiI3A96l
— Chad Smeaton (@smeaton_chad) March 31, 2025
Додека играчите се разделуваа, Бикерстаф и Приџони викаа еден на друг и мораа да бидат разделени.
Целата сцена се одвивала на само шест метри од новиот сопственик на Тимбервулфс, Алекс Родригез, кој по инцидентот се приближил од своето седиште покрај теренот и очигледно повикал помош за младиот навивач кој се нашол среде метежот.
Натпреварот имаше дури 12 технички грешки, најмногу во еден натпревар во НБА од 23 март 2005 година, според податоците на „ОПТА“.
Тимбервулфс успеаја да ја поништат раната негатива од 16 поени и да ги совладаат Пистонс со 123:104.
— Rob Perez (@WorldWideWob) March 31, 2025
Спорт
Меншик го запре Ѓоковиќ на патот кон 100. титула во кариерата

Новак Ѓоковиќ не успеа да ја освои 100. титула во кариерата. Србинот загуби од чешката сензација Јакуб Меншик во финалето на Мастерсот во Мајами. Меншик победи во два сета со 7.6(4) и 7:8 (5).
Ѓоковиќ не успеа да се справи со сервисот на 19-годишникот од Чешка. Меншик од првиот до последниот поен беше подобриот ривал, а доминираше со сервсот, му дозволи на најдобриот ритер на сите врмиња само една брејк топка.
Во првиот сет тенисерите си разменија по еден брејк, а во 13.игра Ѓоковиќ одигра лошо, со две неизнудени грешки му дозволи на Менчик да стекне голема предност, а потоа и да го освои сетот.
По слично сценарио се одвиваше и вториот сет. Ѓоковиќ дојде до шанса во осмиот гем, кога имаше 30:30 и 40:40, но Меншик се изввлече со два ас сервиси. Тај-брејкот беше прескилан како оној во првиот сет. Ѓоковиќ со две грешки му овозможи на Чехот да стекне предност, а потоа и да го добие мечот.
Меншик го забележа најголемиот успех во кариерата и стана првиот играч по Карлос Алкараз во Мадрид 2023 година, кој на патот до трофејот успеа да победи тројца играчи од топ 5.