Свет
Уредничката која ги прекина вестите кога почна војната во Украина: Син ми ме нарече предавник
Поранешната уредничка на руската државна телевизија Марина Овсијаникова, која во 2022 година ги прекина преносите на вести во живо, осудувајќи ја војната во Украина, рече дека нејзиниот син ја нарекол „предавник“ за нејзините постапки, додавајќи дека можеби никогаш нема да може да се врати во Русија.
Овсијаникова, родена во Украина, која беше уредничка на Канал 1, упадна на сетот на вечерните вести во март 2022 година, извикувајќи: „Стоп за војната. Не за војна“.
Таа држеше и натпис на кој пишуваше: „Не верувајте во пропагандата“. Овде ве лажат“. На англиски беше напишано: „Русите против војната“.
During a #Russian propaganda live broadcast, a girl with an anti-war banner ran into the studio pic.twitter.com/UMmgSjGlLJ
— NEXTA (@nexta_tv) March 14, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пронајдени телата на двете девојки што ги однесе реката во Италија, потрагата по момчето се’ уште трае
Телата на двете девојки кои исчезнаа пред неколку дена заедно со млад човек кога ги однесе надојдената вода додека стоеја прегрнати, се пронајдени денеска околу пладне во реката Натисон во Премариакo.
Оваа информација ја потврди и градоначалникот на Премариакo, Микеле де Сабата.
Станува збор за Бјанка Дорох, 23-годишна девојка која пристигнала од Романија пред неколку дена да ги посети родителите кои живеат во Удине, но и да се состане со своето момче Кристијано Касијано Молнар (25) кое живее во Австрија; и Патриша Кормос, која утрото пред да замине на брегот го положила испитот на Академијата за ликовни уметности во Удине.
Како што пишува италијанскиот Тикали, телата на девојчињата ги пронашле припадниците на Цивилната заштита на неколку стотини метри од местото каде што ги одвлекла поројната вода.
Потрагата по Кристијано продолжува. Како што соопшти градоначалникот Де Сабата, во потрагата се вклучиле и голем број волонтери и граѓани.
Свет
Се судрија два авиони на аеромитинг во Португалија
Најмалку едно лице загина во несреќата што се случи денеска на аеромитингот во Португалија, кога се судрија два авиони.
Според Управата за цивилна заштита, констатирана е смрт на едно лице, а најмалку едно е повредено.
Несреќата се случила околу 16 часот по локално време, додека пилотите изведувале маневри.
Спасувачките екипи се на терен.
Регион
(Видео) Aвтомобил влета во публиката на трка во Осиек, има повредени
Четири лица се повредени и префрлени во Клиничкиот болнички центар Осиек, Хрватска, откако денеска на улична трка на 31. улица Осиек Стрит Рајс во нив удри автомобил.
Според првичните информации автомобилот изгубил контрола, излетал од патеката и удрил во гледачите.
Несреќата се случила веднаш по почетокот на трката.
Двајца од четворицата повредени имаат отворени скршеници на ногата, објави Јутарњи лист.
Повредените седеле во првиот ред на трибината која била поставена веднаш до патеката.
„Еден од возачите изгубил контрола над возилото и удрил во трибината, при што повредил неколку гледачи. Со брзата реакција на лекарскиот тим на сите повредени им е укажана помош и никој не е во животна опасност “, соопшти организаторот.