Спорт
Шестмина работеле против Нагелсман
Јулијан Нагелсман, во четвртокот, доби отказ, ден подоцна Баерн Минхен го назначи Томас Тухел за нов тренер.
Заминувањето на Нагелсман силно одекна во фудбалскиот свет, а германските медиуми секојдневно откриваат нови детали поврзани со отказот.
„Билд“, чиј новинар беше и девојката на Нагелсман, ексклузивно открива кои играчи биле најголемите поборници за негова смена.
Според нивните информации, против Нагелсман биле голманите Мануел Нојер и Свен Улрајх поради смената на тренерот на голманите Тони Тапаловиќ, но и – Серж Гнабри, Лирој Сане, Џамал Мусијала, Жоао Кансело и Садио Мане.
„Билд“, констатира дека е чудно што против тренерот биле Мусијала и Мане бидејќи биле стандардни од почетокот на сезоната.
Во исто време, Билд открива дека тренерот го подржувале Германците – Џошуа Кимих и Леон Горецка, како и Матијас де Лихт, Бенжаман Павар и Дајот Упамекано, додека најискусниот Томас Милер бил „неутрален“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Иванишвили ќе ги „части“ Грузијците
Биџина Иванишвили поранешниот премиер на Грузија, вети дека ќе и даде 30 милиони лари (близу 10 милиони евра) на фудбалската репрезентација доколку ја победат Шпанија по антологискиот пласман во осминафиналето на ЕП.
Грузиската репрезентација предводена од поранешниот француски репрезентативец Вили Сањол ја совлада Португалија со 2:0 и се пласираше во осминафиналето каде ќе се сретне со Шпанија.
Биџина е основач на владејачката политичка партија Грузиски сон и поранешен премиер на земјата од октомври 2012 до ноември 2013 година.
За него победата против Португалија е „историски триумф од соништата“.
Грузија, која првпат настапува на ЕП в недела од 21.00 часот во Келн игра против Шпанија.
Спорт
(ВИДЕО) Партизан пред големо засилување, пристигнува замена за Пантер
Кошаркарскиот клуб Партизан пред потпис со Стерлинг Браун.
Неофицијално двете страни веќе извесно време се во преговори кои одат во добра насока.
Доколку остане така, дефанзивецот кој ја мина дебитантската сезона во Евролигата во Алба Берлин ќе ги засили црно-белите и на тој начин ќе ја пополни дупката на надворешните позиции создадена со заминувањето на Кевин Пантер.
Браун на 29 натпревари имаше просек од 11,2 поени, 3,3 скока и 2,4 асистенции. Најдобриот меч го одигра против Олимпија од Милано каде постигна 18 поени.
На два меча против Партизан постигна осум, односно 14 поени.
Пред Алба, Браун играше во НБА каде што стартуваше во Милвоки, а потоа патувањето го однесе низ Хјустон, Далас и Лос Анџелес Лејкерс.
Спорт
Најголемо разочарување на ЕУРО 2024
Според Руските медиуми Србија е најголем „неуспех“ на шампионатот.
Оставија најлош впечаток од сите репрезентации, постигнаа само еден гол и генерално одиграа под стандардот што го бара модерниот фудбал.
Па така на Србија и ја „закачија“ најнепопуларната „етикета“.
„Третото коло беше одлична можност Србија да остане на ЕУРО, но ја пропуштија затоа што играа просечно.
Да, противникот не беше најлесниот – Данците можат да бидат опасни, но она што го сервираше тимот на Стојковиќ беше под просек.
Еден шут во првото полувреме, уште неколку на крајот од второто и без креативна одбрана.
Србите ќе останат запаметени како најнеефикасниот тим на ЕУРО“, пишува рускиот портал „ Спорт-експрес“
Во истиот текст, Грузија е прогласена за најдобра репрезентација во првата фаза, а голманот за најдобар поединец.
Додека за најдобар натпревар е издвоен дуелот меѓу Австрија и Холандија (3:2 ).