Спорт
Тухел ги налутил челниците на Челси
Неколку дена по преземањето на тренерската функција во Баерн минхен, Томас Тухел успеа да ги налути своите поранешни работодавци во Челзи.
Стручњакот кој го наследи Јулијан Нагелсман на клупата на германскиот шампион беше малку невнимателен на прес-конференцијата кога зборуваше за идните соработници.
Тој пред медиумите откри дека сака во својот тренерски тим да го ангажира Ентони Бери, кој моментално е во стручниот штаб на Челзи.
„Мојот тим на соработници не беше подготвен за ова, па морам да им се заблагодарам и на нивните семејства за нивната флексибилност. Арно Мишел и Џолт Лев, кои работеа со мене десет години, повторно ќе бидат со мене. Се надевам и Ентони Бери, кој моментално е во Челзи“, изјави Тухел.
Лондонскиот клуб сега се бори да го задржи Бери, а извештаите од „Стемфорд Бриџ“ велат дека се многу лути на Тухел што излезе во јавност со тоа.
Бери наводно е подготвен да ја прифати поканата на новиот шеф на Баерн.
Бери дојде во Челзи кога на клупата беше Френк Лампард, но имаше и многу добра соработка со Тухел.
Тој остана и во стручниот тим на Грем Потер, а работеше и со Роберто Мартинез кога тој ја предводеше Белгија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Димитирјевиќ замина од УНИКС, следна станица Милано
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ по две години го напушти УНИКС, соопшти рускиот клуб.
Како што соопшти клубот од Казан, 26-годишниот репрезентативец на Македонија е слободен да избере каде ќе ја продолжи кариерата.
Во претходните две сезони Димитријевиќ беше најдобар играч на клубот и во ВТБ лигата. Тој одигра вкупно 50 натпревари во ВТБ лигата со просек од 18,6 поени, 3,6 скока и 1,2 украдени топки на 30 минути игра.
Италијанските медиуми објавија дека Димитријевиќ веќе има договор со челниците на Олимпија и дека до крајот на неделата ќе стане член на клубот од Милано.
Спорт
(Видео) Австрија пресилна за Полска – Прв триумф за Австрија, втор пораз за Полска на ЕП
Австрија ја победи Полска со 3:1, во Д групата на Европското првенство во Германија. Австријците со оваа победа се доближија до осминафиналето, додека на Полска ќе и треба чудо во последното коло за да избори место во нокаут фазата.
Австрија во овој момент е посилна селекција од Полска и тоа го покажа на терент на Олимпискиот стадион во Берлин.
Траунер го постигна првиот гол во деветтата минута, но Полјаците успеаја да изедначат преку Пјонтек по половина час игра.
Конечниот удар Австријците го зададоа во втората половина од второто полувреме. Баумгартнер во 66.минута со гол ја заврши одличната тимска акција,а 12 минути подоцна Сабицер избори пенал. Сигурен реализитор беше Арнаутовиќ.
Во последното коло Австрија ќе игра против Холандија, а Полска против Франција.
Спорт
Легендарниот фудбалер Фалкао има нов клуб
Иако е во доцните играчки години, Радамел Фалкао не планира да застане.
Откако му истече договорот со Рајо Валјекано, се огласи и неговиот нов клуб.
Тоа е – Милионариос.
И сето тоа 23 години откако го напушти овој клуб како 15-годишник.
Фалкао зад себе има импресивна кариера, играше за Ривер, Порто, Атлетико Мадрид, Монако, Манчестер Јунајтед, Челзи, Галатасарај и Рајо.
За Колумбија, за која уште настапува, одигра 104 натпревари и постигна 36 голови.