Црна хроника
Што е причината за хаваријата на „Илинден“

Очевидец кој сака да остане анонимен за www.forum.com.mk вели дека причината за потонувањето на бродот е дефект на системот за управување
Според исказот на нашиот соговорник инаку искусен во бродењето, дошло до пукање на контролните сајли по што бродот почнал да се движи во цик-цак линија губејќи го правецот и вртејќи се во круг. Во тие моменти патниците се наведнале на едната страна по што се откачила елисата и бродот едноставно подивеал, вели нашиот соговорник. Како една од причините се наведува и можната претовареност на бродот. Официјално на него имало 45 патници колку е отприлика и неговата носивост, но некои од очевидците велат дека според нив на бродот имало најмалку пеесетина лица. Од СВР Охрид задолжениот службеник за контакти со медиумите при овој вонреден случај, изјави дека истражниот судија и екипи вршат увид и дека ќе следува официјално соопштение. „Капетанот е млад но искусен, не заеме ниту дали е меѓу преживеаните“, изјави за www.forum.com.mk близок пријател на капетанот на „Илинден“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Едно лице тешко повредено во Аеродром, го нападнале поради недоразбирање во сообраќајот

Едно лице е тешко повредено во Аеродром, го нападнале неколку лица поради недоразбирање во сообраќајот.
Според информациите во МВР, синоќа околу 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, Р.Ж.(56) од Скопје бил физички нападнат од неколку лица. Тој со тешки телесни повреди е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден малолетен пешак во Скопје, во него удрил автомобил

Малолетен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(22) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Кривична пријава за мајка, го терала детето да пита на Табановце

Полицијата поднесе кривична пријава за мајка која го терала детето да питачи на Табановце.
Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против Д.Р.(22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,запуштање и малтретирање на дете’’.
Пријавената, од користољубие и со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, го запуштила детето и го наведувала на питачење. На 10.04.2025, пријавената го однела своето дете на Граничен премин Табановце, при што од полициски службеници било затекнато како питачи.