Црна хроника
Кривична против ресенец и скопјанец за недозволена трговија со културни добра
Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, денеска (27.3.2023) до Основно јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Г. А. (43) од Ресен за сторени кривични дела присвојување добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости (чл. 265), оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости (чл. 264 ст. 2) и прикривање (чл. 261 ст. 3 в. в. со ст. 1 и 2) и против С. М. (35) од Ресен со престој во Скопје за сторено кривично дело прикривање (чл. 261 ст. 3 в. в. со ст. 1 и 2) од Кривичниот законик.
Во периодот од август до декември 2022 година, Г. А., искористувајќи го намалувањето на водостојот на Преспанското Езеро, на археолошко наоѓалиште на плажа во с. Долно Перово, во повеќе наврати со рачен алат и метал-детектори на нелегален начин и без дозвола од надлежен орган вршел ископување археолошки предмети и монети за кои бил свесен дека е можно да претставуваат културно наследство. Потоа археолошките предмети ги пренесувал во својот дом и дополнително вршел нестручни конзерваторско-реставраторски процеси врз нелегално пронајдените и присвоените археолошки предмети и монети, а со цел да им ги понуди на потенцијални купувачи користејќи ја социјалната мрежа „Фејсбук“.
Во август 2022 година С. М. во с. Долно Перово остварил средба со Г. А., во чиј двор ги видел археолошките предмети и иако бил свесен дека постои можност предметите да претставуваат културно наследство, одбрал два предмета и ги однел во својот дом.
Врз основа на издадена наредба од судија на претходна постапка при Основниот суд Битола, на 1.12.2022 година извршен е претрес на домот и други простории кај Г. А., при што привремено се одземени многубројни предмети во разни форми и големини, монети и други предмети поврзани со кривичното дело. При извршен службен разговор со него тој ги појаснил околностите под кои дошол во сопственост на археолошките предмети и монети и посочил дека некои од нелегално пронајдените и присвоени предмети му ги дал на С.М..
Истиот ден во Полициската станица Центар во Скопје бил повикан С. ., кој ги донел двата предмета и во извршен разговор го појаснил начинот на кој се стекнал со нив.
Од страна на ОЈО Битола издадена е наредба за вршење вештачење и стручна идентификација на одземените археолошки предмети, при што таа е доставена во НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија и од нивна страна изготвен е извештај од стручно мислење дека предметите: три керамички сада, шест прстени, мамуза, камен точило, шест стрели, 10 ножа, два крста, 46 нитни, 34 брута, 21 алка, две копчиња, 11 токи за појас, три токи за чевли и 111 разни метални предмети претставуваат културно наследство, а од страна на вешто лице извршена е стручна идентификација на нумизматичкиот материјал, при што констатирано е дека седум монети претставуваат културно наследство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полицаец
Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола на ул. „Благој Ѓорев“ утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.
Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.
Црна хроника
Почина малолетник, со мопед удрил во бетонски столб
Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.
Црна хроника
Возач на ауди прегази полицаец и избега
Инцидент се случи вчера во Тетово, кога 28-годишниот Е.А. од село Порој со своето возило „ауди“ удрил во полициски службеник кој се обидел да го запре.
Настанот се случил околу 12:50 часот на кружниот тек кај улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“. Возачот одбил да застане на знакот „стоп“, го удрил полицаецот и избегал, но набрзо бил пронајден и уапсен. На повредениот службеник му е укажана помош во Клиничката болница Тетово.

