Свет
(Видео) Бер Грилс: Се плашеа дека ќе го отрујам Зеленски со чоколадо

Познатиот авантурист Бер Грилс е обвинет дека се обидел да го отруе украинскиот претседател Володимир Зеленски со чоколадо за време на посетата на Украина, пишува британски „Телеграф“.
Most difficult show we’ve ever filmed… @channel4 Tuesday 8pm “Bear Grylls Meets… President Zelensky.” And we get to see a side of this world leader that has never been seen before. pic.twitter.com/ZE1y32MMqZ
— Bear Grylls (@BearGrylls) March 25, 2023
Тој му понудил на Зеленски чоколадо за да го скрши мразот за време на нивниот прв состанок минатата година – но, на безбедносниот тим на претседателот тоа не им се допаднало.
Чоколадото било одбиено поради опасност Грилс да се обиде да го убие Зеленски.
„Го разбрав тоа“, изјави Грилс во понеделникот за британската телевизија додека разговараше за својот нов документарен филм на „Канал 4“, „Бер Грилс се среќава со претседателот Зеленски“.
Бер Грилс делел храна со други светски лидери, вклучително и парчиња лосос што ги уловил со поранешниот американски претседател Барак Обама во дивината на Алјаска, пренесе „Блиц.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.