Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/policija8_1-199796.jpg)
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре, вторник, , поради најавено одржување на мирен протест, со почеток во 12.00 часот на бул.„Илинден“ полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајнцата каде што ќе се одвива протестот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Таравари почна со разрешување на клиниките: „Очекувам за два месецa повеќе да нема економски директори“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/taravari-1.jpg)
Новиот министер за здравство, Арбен Таравари, најави дека почнува со разрешување на економските директори на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на кои им е истечен мандатот, и дека постапката ќе продолжи и за другите што вршат ваква функција, но откога ќе се направат потребните законски измени.
Таравари очекува за два месеца повеќе да нема економски директори.
„Денеска, ќе бидат разрешени 7-8 директори од вкупно 14, односно оние на кои им е истечен мандатот за в.д. директор. Како ќе им истекува мандатот, сите в.д. и другите ќе бидат разрешни. Имаме и директори што се со решение и за нив ќе треба да се направат законски измени. Но, јас очекувам за два месецa повеќе да нема економски директори“, рече Таравари при посетата на хируршките сали на клиниката за ТОАРИЛУЦ, кои беа затворени поради непознат мирис.
Таравари најави дека како министер ќе се зафати првин со овој проблем.
„При денешната посета ми беше кажано дека во одредени хируршки сали нема мирис, а во одредени има. Јас очекувам да добијам извештај од досегашните испитувања и да видиме како најбргу да го решиме овој проблем. Ми требаат неколку дена за да донесам одлука, дали ќе одиме со решавање на проблемот со отварање нова набавка и инсталирање комплетно нов систем или ќе може овој да се поправи. Се надевам дека до петок ќе имаме одлука“, изјави Таравари.
Тој потврди дека на Клиниката за кардиохирургија на директорското место е вратен докторот Марјан Шокаровски, кој беше разрешен од претходниот министер Илир Демири.
Македонија
Силјановска-Давкова го прими словачкиот амбасадор, Хенрик Маркуш: од особен интерес е интензивирањето на билатералниот политички дијалог
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Foto-1-1-1.jpeg)
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш.
На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи и можностите за унапредување на соработката во разни области од заемен интерес.
Претседателката истакна дека билатералните односи се карактеризираат со пријателство и разбирање оценувајќи дека меѓу двете земји постојат силни културни врски поради наследството на светите браќа Кирил и Методиј.
Нагласувајќи дека годинава се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со Словачка, претседателката Силјановска-Давкова се заблагодари за принципиелната поддршка од Словачка и од вишеградската група како традиционален поддржувач на македонските евроинтеграции и посветен партнер во НАТО.
Во насока на продлабочување на соработката во области од заемен интерес, претседателката истакна дека е видлив растот на трговската размена за која постои можност во наредниот период да постигне поголеми резултати со заеднички ангажман од двете страни.
Таа нагласи дека од особен интерес е и интензивирањето на билатералниот политички дијалог.
Македонија
Новиот министер Андоновски на средба со младите од ИТ-секторот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/image00008.jpeg)
Новиот министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на првиот работен ден се сретна со млади луѓе од ИТ-секторот.
„Првата официјална средба како министер за дигитална трансформација ја почнувам заедно со младите. Сите напори и решенија треба да бидат во насока на обезбедување добри услови младите да се развиваат и да ја гледаат и својата иднина во Македонија“.
Тој додава и дека реформите се во фокусот на новата Влада.
,,Реформите во општеството и дигиталната трансформација се и главен акцент на новата Влада, со што ќе им се овозможи и подобар стандард за живеење на младите и намалување на корупцијата“.