Македонија
Доделени годишните новинарски награди на ЗНМ за 2023 година
Здружението на новинарите на Македонија ги додели годишните награди на ЗНМ. На настанот беа доделени трите главни награди – „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство и награда за новинарско известување на теми од локално и регионално значење, но беа доделени и четири признанија и една плакета за посебен придонес во промоција на професионалното истражувачко новинарство.
Комисијата за членство во состав Соња Колевска Делевска, Среќко Поповски и Ријад Мурати покрај редовните награди, наградата за животно дело ја додели на Драган Ѓорговски, наградата за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ беше доделена на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), додека награда за новинарско известување на теми од локално и регионално значење замина во рацете на Аднан Ќаили.
Добитниците на овогодинешните награди на ЗНМ се заблагодарија за наградите со најава дека нема да застанат тука, ќе продолжат да креираат и раскажуваат приказни вредни за јавноста.
Членовите на Комисијата одлучија да доделат една плакета за посебен придонес кон професионалното новинарство за известување од војната во Украина на Кристина Атовска и уште четири признанија за посебен придонес во професионалното истражувачко новинарство на Фросина Димевска, Мартин Пушевски , Петар Клинчарски, Ирена Мулачка.
Во своето поздравно обраќање Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски кажа дека оваа година имаше голем број на апликанти кои пријавија навистина квалитетни стории во секоја категорија:
„Секоја година имаме се поголем број на пријавени кандидати за наградите, што особено ме радува бидејќи тоа е показател дека се уште има уште многу стории и приказни кои чекаат да бидат објавени и раскажани. Голема одговорност е да информираат граѓаните, а уште поголема да се биде во нивна служба. Имаме многу медиуми кои не секогаш се солидарни меѓу себе, но тоа не значи дека и ние новинарите и медиумските работници треба да го следиме тој пример. Ако медиумите се поделени, новинарите треба да бидат сплотени “ – кажа Чадиковски.
Годинава имаше вкупно 42 пријави од кои 18 апликации за наградата новинарско истражување на теми од локално и регионално значење, 17 за наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство и уште 7 пријави за наградата за животно дело.
Здружението на новинарите на Македонија искажува голема благодарност до сите заинтересирани новинари за овогодинешниот конкурс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

