Спорт
Миовски: Ако бидеме стандардни во клубовите, ќе имаме добар ритам за Украина и за Англија
Бојан Миовски беше стрелец на победничкиот гол за фудбалската репрезентација на Македонија на денешниот пријателски натпревар против Фарски Острови. Тој погоди во 82.минута за триумф од 1:0.
„Мило ми е што ја префрлив добрата форма од клубот и на репрезентативните настапи. Мислам дека треба да бидеме задоволни со овие две победи, а сега треба да размислуваме за следниот мини циклус во јуни. Тогаш нѐ очекуваат дуели со Украина и со Англија и клучен момент е сите да бидеме стандардни во клубовите и да имаме голема минутажа. Така ќе имаме и добар ритам за дуелите што ни претстојат во националниот тим. Овој денешен натпревар беше одлична можност и некои други фудбалери да се вклопат и да се воиграат со останатите. На крајот најважно е што остваривме две победи“, изјави Бојан Миовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Алкалоид го декласира Пелистер – Ангеловски си поднесе оставка
Фото/rkalkaloid.mk
Ракометарите на Алкалоид и по дербито со Еурофарм Пелистер останаа перфектни во домашниот шампионат. На патото до осмата победа во исто толку натпревари Алкалоид убедливо го порази актуелниот шампион со 32:25.
Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Мартин Серафимов со осум гола, шест постигна Бинго, а Никола Косетски до повредата на 20 минути до крајот на мечот запиша пет гола.
Единствен кој заслужи преодна оценка кај Пелистер беше капитенот Филип Кузмановски стрелец на 12 гола.
По мечот се случи она што подолг период го посакуваа навивачите на Пелистер, тренерот Бранко Ангеловски си поднесе оставка.
„Бранислав Ангеловски си поднесе оставка од функцијата прв тренер на Еурофарм Пелистер. Среќно понатаму Бранко, ти благодариме за се“, ја потврди одлуката на тренерот клубот од Битола.
Спорт
(Видео) Нестварен пресврт на Реал од 0:2 до 5:2, Шутгарт го шокира Јувентус, Џирона со Миовски го победи Слован
Неверојатниот пресврт на Реал против Борусија Дортмунд со пет постигнати гола во второто полувреме, поразот на Јувентус во Торино од Штутгарт и ремито на ПСЖ со ПСВ Ајндховен ги обележаа вечерашните натпревари од третото коло во Лигата на шампионите. Фаворитите Арсенал, Астон Вила и Спортинг забележаа победи, а Џирона во чии редови од 24.минута играше Бојан Миовски против Слован Братислава ја запиша историската орва победа во елитното натпреварување.
Реал со неверојатен пресврт си направи убава увертира пред дербито со Барселона. Во реприза на финалето од минатата сезона, Реал на полувремето имеш негатива од два гола, на крајот победи со 5:2.
„Милионерите“ со памента и дисциплинирана игра игра во првиот дел го шокираа домаќниот. Во интервал од четири минути постигнаа два гола. Во 30. погоди Мален, а четири минути подоцна му асистираше на Гитенс.
Пет минути подцна играчите на Реал во еден напад два пати ја погодија гредата, најпрвин Родриго, а потоа и Белингем и тоа беше се од нив во првиот дел.
Во вториот Борусија и премногу се повлече, тренерот Сахин направи лоши измени што „кралскиот клуб“ знаеше да го казни.
Најпрвин во две минути Реал издначи, со головите на Ридигер во 60 и Винисиус во 62.минута. Вистинска канонда кон голот на Кобел имаше во периодот од 83 до 93.минута кога најпрвин погоди Лукас Васкез, а потоа Винисиус со два гола го комплетираше хет-трикот.
Во Торино, Шутугарт во целост го надигра Јувентус, а до победата „швабите“ дојдоа во 92.минута со голот на Ел Билал Туре. Претходно во 48.минута ВАр го поништи голот на Ундав, а во 86.минута Перин му одбрани пенал на Мило.
Резултати
Арсенал – Шахтјор 1:0 (1:0)
/Ризник 29 авто гол./
Астон Вила – Болоња 2:0 (0:0)
(Мекгин 55, Дуран 64/
Џирона – Слован Братислава 2:0 (1:0)
/Гутиерез 42, Хуанпе 73/
Јувентус – Штутгарт 0:1 (0:0)
/Туре 90+2/
ПСЖ – ПСВ 1:1 (0:1)
/Хакими 55 – Ланг 34/
Реал Мадрид – Борусија Дортмунд 5:2 (0:2)
/Ридигер 61, Винисиус Јуниор 63, 86, 90+4, Ваксес 83 – Мален 30, Гитенс 34/
Штурм – Спортинг 0:2 (0:1)
/Нуно Сантос 23, Џекереш 53/.
Спорт
Вардар 1961 поразен од Порто во „Јане Сандански“
Фото/ facebook.com/rkvardar
Вардар 1961 доживеа пораз од Порто 22:26 во третото коло, во Лига Европа. За црвено-црните ова е втор пораз во ова натпреварување, а Порто ја забележа првата победа. Двата тима сега имаат по два бода, лидер е Мелсунген со три победи, а Валир е последен во групата без освоен бод.
Вардар успеа во првиот дел да ја стигне и престигне предноста на Порто од 3:6 и да го заврши овој период од играта со предност од два гола (12:10), меѓутоа црвено-црните потонаа во последните 20 минути.
Многу проблеми имаше Вардар со играта на Порто „седум на шест“, нападите им беа без идеа. Порто во клучните моменти го имаше и голманот Рема кој на крајот со 15 интервенции го предводеше својот тим.
Родригез со четири гола, односно Лазаревски и Крсманчиќ со по три беа најефикасни играчи на Вардар 1961. Порто во нападот го предводеа Оливеира и Диоку со по седум гола.