Македонија
Левицата: По донираното оружје за Украина, армијата пие украинско млеко

Откако министерката Славјанка Петровска најави дека Македонија ќе ѝ донира 12 хеликоптери на Украина, на трпезата на АРМ преку ноќ се сервира украинско млеко, велат преку соопштение од партијата Левица.
„Како е стигнато украинското млеко за потребите на АРМ за сега е нејасно. Министерката Петровска јавно треба да одговори дали е распишан тендер за овие производи или се компензација за самоуништувањето на безбедносните капацитети на Македонија, со испраќање тенковски возила на АРМ кон украинскиот фронт“, посочуваат оттаму.
Според нив, економската криза ја прави положбата на македонскиот земјоделец се полоша.
„Наместо државните институции да го поттикнуваат домашното производство и да набавуваат македонски производи, НАТО-фундаменталистичката Влада на ДУИ и СДС повторно ги става НАТО-интересите на Украина пред сопствениот народ. До кога македонскиот земјоделец ќе биде граѓанин од трет ред додека министрите со лукративни договори ја уназадуваат надворешната позиција на Македонија?“, дополнуваат од Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.