Македонија
Спасовски со амбасадорите Гарсија и Гир: Македонија да биде домаќин на годинешниот министерски форум ЕУ – Западен Балкан
Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со државниот секретар Магдалена Несторовска, одржа работна средба со амбасадорите на Кралството на Шпанија и на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, Хозе Луис Лозано Гарсија и Дејвид Гир.
На средбата двајцата амбасадори ги поздравија искрените напори на Република Северна Македонија во процесот на преговори со ЕУ и успешноста на билатералниот состанок со Европската комисија.
Амбасадорот Гарсија, чија земја во јуни годинава ќе го преземе претседавањето со Советот на Европската Унија, даде предлог следниот министерски форум на ЕУ и Западен Балкан – за правда и внатрешни работи – што се планира да биде одржан во октомври 2023 година, да се одржи токму во Скопје, односно негов домаќин да биде Република Северна Македонија.
Од своја страна, Спасовски, заблагодарувајќи им се на амбасадорите Гарсија и Гир за досегашната успешна соработка и партнерство на нашиот пат кон полноправно членство во Унијата, нагласи дека за нас ќе преставува голема чест да бидеме домаќини на ваков голем и важен настан, со што дополнително ќе се испрати силна и цврста порака кон земјите членки на ЕУ за европски аспирации на Република Северна Македонија, особено во областа на правдата и внатрешните работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

