Спорт
Маркез ќе си ја одработи казната кога ќе се врати на патеката
Денеска беше објавена официјалната пресуда за Марко Маркез, по инцидентот на трката за ГН на Португалија, во кој шпанскиот возач предизвика тежок инцидент.
Според член 3.5.5 од Правилникот за Светскиот шампионат за Гран При на ФИМ, на 26 март 2023 година во 15:13 часот, беше донесена одлука на состанокот на стјуардите на ФИМ Мото ГП, а во присуство на Марко Маркез, возач на мотоцикл број 93:
Мотив
На 26 март 2023 година во 14:06,02 часот, за време на МотоГП трката за ГН на Португалија свиокот 3, возачот на мотоциклот број 93 возел премногу агресивно и предизвикал судар, во кој учествувал и возачот на мотоциклот со број 88.
Тоа беше спротивно на конкретните упатства дадени на возачите и тимовите на Мото ГП, поврзани со нарушување на трката и се сметаше за неодговорно возење, предизвикувајќи опасност за другите натпреварувачи. Поради оваа причина, ова е прекршок според член 1.21.2 од Правилникот за Светскиот шампионат за Гран При на ФИМ.
Санкции
Од горенаведените причини, на состанокот на стјуардите на ФИМ Мото ГП, беше донесена одлука да се изрече двојна казна за долг круг на ГН на Аргентина, во согласност со членовите 3.2.1 и 3.3.2.3.
Примена на санкцијата
По оваа одлука на состанокот на стјуардите на ФИМ Мото ГП, донесен на 26.03.2023 година. во 15:13, Стујардскиот панел на ФИМ Мото ГП ја појаснува својата одлука во врска со применливоста. Имајќи ја предвид повредата и фактот дека Марк Маркез ќе ја пропушти ГН на Аргентина, а со намера казната да биде испочитувана според одлуката, двојниот долг круг Маркез ќе го направи на првата следна трка во Мото ГП, во во кој ќе учествува Шпанецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ливерпул е подготвен да им го продаде Александер-Арнолд на Реал
Вечерва во дербито во Лигата на шампионите, на „Енфилд“, Ливерпул ќе го пречека актуелниот шампион Реал Мадрид.
Натпреварот е од исклучителна важност за Реал, бидејќи неочекувано тимот на Карло Анчелоти по четири одиграни натпревари има само шест бода, за разлика од Ливерпул кој има максинален скор со гол разлика 10:1.
Доколку, вечерва Реал загуби, ќе се најде во многу непријатна ситуација, во пресрет на последните три рунди.
Во пресрет на натпреварот, „Марка“, медиуми близок до Реал, објави дека ќе има предиигра, односно состанок меѓу челниците на двата клуба.
Според овој извор, од Ливерпул ги контактирале колегите од Реал со прашањето „Дали навистина го сакате Трент Александар-Арнолд?“, со што јасно ставиле до знаење дека се подготвени да го продадат англискиот репрезентативец во јануарскиот преоден рок.
Намерата на Ливерпул е јасна, клубот сака да ги искористи проблемите со провредите, со кои се соочува Реал, за да заработи од трансферот на Алкесандер-Арнолд.
Десниот бек има договор со Ливерпул до крајот на сезоната и не сака да потпише нов. Доколку Ливерпул не го продаде во јануари, Александер-Арнолд по завршувањето на сезоната ќе го напушти „Енфилд“ без обесштетување.
Спорт
Баерн 11 години нема пораз во фазата по групи во ЛШ
Баерн синоќа го победи ПСЖ со голот на Ким Мин-јае со глава во 38. минута. Кореецот беше единствениот стрелец на натпреварот кој ПСЖ го заврши со играч помалку. Поради два жолти картони исклучен беше Усман Дембеле во 56. минута.
За Баерн ова беше продолжение на чудесната серија без пораз на домашен терен во групната фаза од Лигата на шампионите. Ова беше нивни 33. натпревар во кој не загубија.
Последен пат беа поразени во декември 2013 година, кога Манчестер сити во Минхен ги победи со 3:2.
Баварскиот клуб го израмни рекордот на Барселона. Серијата на Каталонците се протега од 2009 до 2020 година.
Баерн победи на 31 натпревар, а само на два пати ремизираше.
Спорт
(Видео) Пеп Гвардиола изгребан и крвав се појави пред новинарите
Во натпреварот од 5. коло на Лигата на шампионите, фудбалерите на Манчестер сити загубија три гола предност против Феенорд на „Етихад“, а менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола тешко го издржа шестиот последователен дуел во кој неговиот тимот не успеа да победи.
По пет порази во низа, следеше реми со тимот од Ротердам, што остави последици по физичкиот изглед на трофејниот шпански тренер. Гвардиола се појави пред ТВ камерите со расекотина и крв на носот и гребаници на неговата глава.
„Сакав да се самоповредам“, одговори Пеп, а снимката брзо стана виралена.
Манчестер сити е на 15.место во Лигата на шампионите со осум освоени бодови, а во следното коло му гостува на Јувентус. „Граѓаните“ се на втората позиција во Премиер лигата со осум бода помалку од водечкиот Ливерпул на кого му гостуваа викендов.
Pep Guardiola ‘I want to harm myself’ pic.twitter.com/wICatn2jZq
— SleeperFootball (@SleeperFooty) November 26, 2024