Забава
Принцот Хари тврди дека кралското семејство криело за хакирањето на неговиот телефон

Војводата од Сасекс го обвини кралското семејство дека „без сомнение долго време му криеле информации за хакирање на неговиот телефон бидејќи не сакале да отворат лименка со црви“.
Обвинувањето го изнесе принцот Хари во својата изјава како сведок во случајот за повреда на приватноста против „Асошиетед њузпејперс“, издавачот на „Дејли мејл“ и „Мејл он сандеј“.
Британскиот принц Хари неделава е во Лондон за да сведочи во судската постапка што тој ја поведе против издавачот на двата весника.
На вториот ден од прелиминарното сослушување во лондонскиот Кралски суд на правдата издавачот тврдеше дека дел од случајот треба да се отфрли бидејќи се потпира на документи доставени доверливо до „истрагата Левесон“.
Наводите што ги демантира тужениот се однесуваат на ангажирање приватни истражувачи за поставување уреди за прислушување во автомобили и пристап и снимање приватни телефонски разговори.
Неколку британски медиуми пренесоа дека на вториот ден од прелиминарното сослушување војводата од Сасекс го обвинил сопственото семејство дека не го известило кога станало јасно дека неговиот телефон бил прислушуван.
Тие наводно криеле од него бидејќи не сакале тој да поднесе обвинение. Тој бил принуден да се согласи со правилото наметнато од неговото семејство – никогаш да не се жали и никогаш да не објаснува во врска со односите со печатените медиуми.
Тужба против издавачот на весниците „Дејли мејл“ и „Мејл он сандеј“, „Асошиетед њузпејперс“ – поднесоа, меѓу другите, и Елтон Џон и Елизабет Харли.
Издавачот наводно ја нарушил приватноста на многу познати личности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Сопругата на Клуни е вистинска убавица: не е ни чудо што ја изгуби главата по неа

Кога станува збор за чист гламур, Амал Клуни е синоним за овој моден израз. Нејзините фустани зрачат со чиста елеганција, минималистички крој, а таа често флертува со специфични материјали.
Неодамна таа блесна на премиерата на филмот „Џеј Кели“ во Лондон, па дури ни нејзиниот сопруг – познатиот Џорџ Клуни – не беше имун на оваа сцена.
Имено, Амал прошета по црвениот тепих во розов фустан дизајниран од познатата модна дизајнерка Тамара Ралф. Фустанот е украсен со розови светки на горниот дел, додека долниот дел е исполнет со реси.
Фустанот е малку тесен, па затоа ја нагласува витката фигура на Амал. За да го комплетира овој стил кој зрачи со стар холивудски гламур, таа додаде пердувеста наметка во пудра розова боја.
Таа ја стилизираше косата на вообичаениот начин – се одлучи за меки бранови, а за шминка носеше нежни тонови кои ја нагласуваа нејзината природна убавина.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Поради Кејт Мидлтон жените „полудеа“ по една боја

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон се појави на добротворен настан и во таа пригода привлече внимание кон себе со својот моден избор, исто како што секогаш прави кога станува збор за нејзините комбинации.
Откако оваа есен ја добивме маслинесто зелената како кралица на сезоната меѓу боите, принцезата одлучи да го следи тој тренд.
Беспрекорната Кејт прошета во маслинесто зелена боја од глава до пети. Таа избра комбинација од Викторија Бекам и покажа дека суптилноста и елеганцијата дефинитивно ѝ припаѓаат само на неа. Струкираното сако и прави панталони во комбинација со маица од истата нијанса ја покажаа целата моќ на еднобојното издание.
Со оглед на пригодата, но и стилот на принцезата, овој пат таа не претеруваше со деталите, па носеше едноставна огрлица и прстен, додека косата ја стилизираше во меки бранови.
Иако не е прв пат Кејт да избере нешто од колекцијата на Викторија Бекам, секогаш сме воодушевени од начинот на кој го претставува.
Суптилно и внимателно се чини дека е нејзиното мото, а по сите овие години, би се рекло дека не треба да го менува.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Меланија Трамп има конкуренција: латино дивата покажа и друга страна

Пејачката и глумица Џенифер Лопез веќе некое време привлекува внимание. Таа моментално е на промоција на филмот „Kiss of the Spider Woman“, каде што ги полни страниците на модните списанија со своите смели комбинации.
На неодамнешната премиера на филмот во Њујорк, таа носеше драматична креација со цветни мотиви, а оваа комбинација ги воодушеви сите љубители на цветните дезени.
Но, сега таа одлучи да нè изненади и да ни покаже еден по-минималистички стил – таков на кој би ѝ завидела дури и првата дама на САД, Меланија Трамп.
Имено, Џенифер беше фотографирана на улиците на Њујорк, каде што, според странските медиуми, снимала сцена за претстојниот филм „The Last Mrs. Parrish“.
За таа пригода, таа одлучи да облече впечатлива црвена комбинација што ја откриваше нејзината друга страна – елегантната. Црниот ремен беше исто така забележлив, што беше вистински контраст на оваа монохроматска комбинација.
Таа додаде преголема црна шапка, високи потпетици и црни ракавици на своето издание, што само го надополнуваше стилот на вистинска дама.
фото: принтскрин