Забава
(Видео) Беше детски актер, а сега е ѕвезда на хит-серијата „Ноќен агент“
Пред неколку дена на „Нетфликс“ излезе серијата „Ноќен агент“ (Night Agent) и веднаш се искачи на врвот на листата како најгледана серија во светски рамки.
Акционата серија што ја креира Шон Рајан според истоимениот роман на Метју Квирк го следи агентот на ФБИ, Питер Сатерленд, кој работи како ноќен телефонски оператор за итни случаи во Белата куќа. Подоцна, следејќи ја линијата за итни телефонски повици, агентот на ФБИ одговара на повик што го вплеткува во смртоносен заговор, во кој е вмешан крт во Белата куќа.
Главната улога во серијата ја толкува Габриел Басо, 28-годишен американски актер, кој многу бргу го привлече вниманието на публиката, особено на жените. Во неодамнешното интервју за магазинот „Пипл“ тој откри зошто ја прифатил улогата.
„Она што ме натера да ја прифатам улогата беше разговорот со Шон. Тој ми кажа колку реалистично сака да ја прикаже сторијата. Не сакам кога насилството е некако романтизирано, па мило ми е што неговата визија за серијата беше ваква“, рече Габриел.
Тој призна дека не го прочитал романот по кој се базира серијата. „Ми рекоа да не го читам бидејќи адаптацијата е сосема поинаква. Ми рекоа: Само прочитај го сценариото“.
Актерот потенцира дека сценаристите сакале да се фокусираат на ликовите.
Откри и дека сака да биде што е можно пореален. „Мислам дека најважно е што Питер остана реален лик во текот на серијата, не стана суперхерој и ништо не можеше да влијае на него и да го промени“.
Повеќето акробации во серијата ги правеше сам.
„Јас се борев во сцените, но кога има навистина тешки работи, тогаш влегува каскадер. Тоа беше главно за паѓањето“, вели Габриел.
Тој ја почна својата кариера како дете ѕвезда во 2007 година со помали улоги во филмови. Од 2010 до 2013 година глумеше во серијата The Big C, а потоа во научнофантастичниот трилер Super 8 во 2011 година. Извесен период паузира од актерството, но се врати во 2020 година откога пријателите го наговориле да стапи во контакт со агентите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.