Забава
(Видео) Кијану Ривс изговори само 380 збора во новиот „Џон Вик“
Кијану Ривс е човек од малку зборови како што го прикажува новиот филм „Џон Вик: Поглавје 4“.
Неговиот лик кажува само 380 збора во тричасовниот филм, според извештајот на „Волстрит џурнал“.
Долгоочекуваното продолжение на сагата за одмаздникот Вик пристигна во кината и ги воодушеви критичарите и публиката, а сега излезе и оваа интересна информација, која го изненади фановите.
Имено, иако филмот трае речиси три часа, поточно 2 часа и 49 минути, Ривс изговара само 380 збора во целиот филм, пишува „Волстрит џурнал“.
Режисерот на филмот, Чад Стахелски, изјавил дека тоа е самостојна одлука на актерот кој решил да скрати приближно половина од дијалогот напишан за неговиот лик во оригиналното сценарио.
Како пример, Стахелски ја истакна сцената во која Џон Вик разговара за двобој со негативецот Маркиз де Грамонт. Ривс одлучи да исече 50 проценти од дијалогот од сцената за да го намали на што е можно помалку зборови, како „пиштоли“ и „без милост“.
„Наместо елоквентни монолози, актерот сакаше да го пренесе значењето преку говор на телото и микроизрази на лицето. Тој е мистериозен, а мистеријата ѝ овозможува на публиката да ги пополни празнините“, изјави режисерот.
„Шокантно е да се види колку е посветен на тишината кога работите со него“, додаде Мајкл Финч, еден од сценаристите на филмот.
Помалку разговор, повеќе акција – интересно е тоа што во првиот филмот од серијалот, кој е многу пократок и трае 101 минута, Ривс проговори вкупно 484 збора, а во четвртиот дел одлучи да зборува уште помалку.
Инаку, неговата најдолга непрекината реплика во филмот е: „Јас и ти го оставивме добриот живот одамна зад нас, пријателе“.
Иако малку зборува, Ривс наводно заработил 15 милиони долари за да го сними новиот Џон Вик, што значи дека бил платен 39.473 долари за секој изговорен збор.
Четвртиот дел од акционата сага на Чад Стахелски имаше буџет од 100 милиони долари. Се најде на првото место во 71 земја и досега, од неговата премиера на 23 март, има заработено 137,5 милиони долари на глобално ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.