Спорт
Динамо го повлече дресот со број 5: Кога ќе се врати Адеми ќе го чека неговиот број
Аријан Адеми, кој по крајот на репрезентивните обврски со Македонија тргна на пат за Кина, каде што ќе ја продолжи кариерата, денеска доби огромна почест од Динамо Загреб, кои објавија дека го повлекуваат дресот со број 5 во чест на својот капитен.
„Свесни сме дека во фудбалот е неблагодарно да се пензионира едене број. Динамо одлучи дека нема да повлекува ниту еден број во знак на почит кон сите легенди кои играле за нашиот клуб. Но, клубот донсе одлука дека дресот со број 5 ќе биде повлечен од употреба додека Аријан Адеми не стави крај на својата кариера. Дотогаш бројот 5 на Динамо ќе биде резервиран само за него. Ова е мал знак на благодарност кој Аријан за тоа што го направи последниет 13 години. Значењето на нашиот капитен за клубот и за сите следни генерации е огромно“, велат од Динамо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тен Хаг ќе добие отказ, можен наследник е Де Зерби
Иако Манчестер јунајтед го освои ФА Купот, гласините за отказот на Ерик Тен Хаг не стивнуваат. Доколку тоа се случи, прв фаворит на клупските челници е Роберто де Зерби.
Тен Хаг тврдеше дека новите луѓе во спортскиот сектор му рекле дека сакаат со него да го започнат новиот проект. Сепак, тој истакна дека доколку сакаат да го заменат, има каде да оди да освојува трофеи.
Можеби воторото сценариото ќе се оствари, бидејќи на „Олд Трафорд“ не се импресиоирани од она што во две сезони го оствари Тен Хаг.
Како што пренесува „Гардијан“, Џим Ретклиф го контактирал поранешниот тренер на Брајтон, Роберто де Зерби. Италијанецот ги напушти „галебите“ на крајот од сезоната, а неговото име се поврзува со голем број големи клубови.
Ако Де Зерби не ја прифати понудата, на листата кандидати следуваат: Томас Тухел, Киеран Мекена, Маурисио Покетино и Томас Франк.
Спорт
Трагедија: литвански кошаркар пронајден мртов во Џенова
Литванскиот кошаркар Ауримас Кибас го загуби животот под мистериозни околности во Џенова.
Кибас, кој има 27 години, паднал од заграда висока 20 метри.
Кошаркарот на Берингброу бил во посета на својот пријател Римантас Даунис кој игра за Сестри. Вечерта кога се случила несреќата бил во ноќен клуб.
Според луѓето кои го виделе, тој бил под дејство на опијати, а наводно бил вмешан во тепачка. Неговите пријатели го загубиле во текот на вечерта, која заврши трагично.
Полицијата не исклучува самоубиство, но не исклучуваат ниту други сценарија.
Спорт
Анчелоти кариерата ќе ја заврши во Реал
Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во сабота од 21 часот ќе го играат финалето на Лигата на шампионите на Вембли. Тренерот на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти (64) даде интервју за „Ла Република“ пред последниот натпревар од сезоната. Меѓу другото, тој одби да зборува за доаѓањето на Килијан Мбапе, бидеќи овој трансфер се уште не е официјално потврден.
Најинтересниот одговор на Анчелоти секако е оној за крајот на неговата тренерска кариера.
„Мојата кариера ќе заврши во Реал, но прво сакам да освојам уште една Лига на шампиони. Јас сум Мадридиста, се идентификувам со клубот, сакам да ги израдувам луѓето во клубот и навивачите“, изјави Анчелоти и додаде дека верува оти неговиот син Давиде може да биде главен тренер, но засега остануваат заедно во Реал.
Анчелоти како фудбалер освои седум трофеи со Милан и пет со Рома како централен играч за врска, а уште поуспешена е неговата тренерска кариера.
Од 1992 година до денес ги предводел Реџана, Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Баерн, Наполи, Евертон и Реал, со кого има договор до летото 2026 година.
Досега четири пати ја освои Лигата на шампионите, по два пати со Реал и Милан.