Македонија
(Видео) Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска да ѝ ја отстапат реконструкцијата на Универзалната сала на Владата
Локалната власт во Град Скопје е неспособна и за една и пол година нема реализирано ниту еден проект. Проектот за реконструкција на Универзална сала е закочен целосно, без разлика дали станува збор за лични хирови на Арсовска или на шпицниот градоначалник Мицкоски, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, на денешната прес-конференција.
Таа додаде дека реконструкцијата на еден од најважните објекти за Скопје е стопирана, а Универзалната сала е во речиси руинирана состојба. Овој проект финансиски е поддржан од Владата со 120 милиони денари. Од нив, искористени се 40 милиони, што значи дека остануваат уште 80 милиони денари, доволни за реконструкцијата да се заврши.
Бидејќи Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ немаат намера да го довршат овој проект, ние како советничка група поднесовме иницијатива за привремено отстапување на правото на користење од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија, вели Јанчева.
Таа ги повика сите советници од сите советнички групи да дадат поддршка на иницијативата и овој објект да биде привремено преземен од Владата, а по неговата реконструкција, тој повторно ќе му биде вратен на Градот.
Универзалната сала е симбол на солидарноста и на Скопје, објект врежан во сеќавањето на генерации скопјани. Да не дозволиме овој објект да пропаѓа, туку да му го вратиме некогашниот сјај и повторно да биде еден од најважните културни објекти во државата, изјави Јанчева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

