Македонија
Никогаш „МНОГУ, МНОГУ“ од Италија
Италија. Првата асоцијација е, секако, „долче вита“, а потоа не можеме а да не помислиме на „многу, многу“ пица, гондоли, убавиот Сан Ремо, опера, венецијански маски, вкусот на тазе приготвена паста и чаша просеко покрај Фонтана ди Треви ... Според многумина, најубавата земја во Европа, бисер меѓу бисерите, доволно добар за да се започне неповторливата авантура која оваа убавица може да ни ја понуди при прва прилика.
Без разлика дали се повеќе или помалку посетени од туристи, сите делови на Италија се подеднакво атрактивни. Венеција, градот што тоне, Фиренца, Милано, Неапол, и Палермо и Сиракуза сместени во прекрасната Сицилија и, секако, вечниот град Рим. Секој на свој начин неповторлив и единствен, како и регионите Тоскана, Сардинија и Венето. Тука се и речиси неверојатните Алпи и Апенини. Опасните Везув и Етна постојано влеваат стравопочит и восхит.
Италијанската кујна изобилува со ароми и „многу, многу“ зачини. Италијанците обично имаат два оброка, ручек и вечера, додека, пак, „појадуваат“ капучино или еспресо. Маслиновото масло, рибата и доматите се есенцијални состојки на различни специјалитети. Нема шанси да ги избегнеме популарните пица, лазањи и тирамису. За љубителите на добри вина Италија го има Пиемонт, најпознатиот вински регион од каде потекнуваат некои од најквалитетните вина во светот.

Богатата културно-историска традиција на Италија е нешто што нѐ потсетува на секој чекор од моментот кога ќе стапнеме на почвата на оваа земја. Од Римската Империја до денес, „многу, многу“ бројни сликари, писатели, скулптори и државници воспоставија една од водечките улоги во подигнувањето на столбовите на кои почива целокупното културно и историско наследство на денешна Европа. Да, Италија е „многу, многу“ убава.
Италијанците како народ се познати по нивното гласно и директно комуницирање, како и константното употребување гестикулации со рацете. Тоа е една од најомилените карактеристики на овој народ, која без исклучок секогаш измамува насмевки. Размислувајќи за тоа како и не би се запрашале: Кои сѐ зборови најчесто се дел од разговорниот вокабулар на еден Италијанец? Особено имајќи предвид дека тоа е народ кој искажува „многу, многу“ емоции со секој споделен збор, мисла, поздрав.

Истражувавме и се уверивме дека најупотребуван збор кај нив е tanto, поточно неговиот суперлатив tantissimo, што во превод би значело „многу, многу“.
Зошто токму овој збор? Одговорот е многу едноставен. Италијанците го живеат секој момент со полна пареа. Сакаат „многу, многу“ да пијат еспресо, „многу, многу“ да подготвуваат пица и паста и „многу, многу“ да уживаат во насмевките, прегратките и љубовта со своите најблиски.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дожд и облаци утре, постудено на почетокот на следната седмица
Времето утре ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени, најавува УХМР.
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.
Македонија
Левица ќе поднесе интерпелација за антикорупционерката Цвета Ристовска
Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави интерпелација за членката на Антикорупциската комисија (ДКСК), Цвета Ристовска. Интерпелацијата, како што велат од Левица, доаѓа по скандалите коишто деновиве ги изнесе на виделина партијата, но и низата скандали коишто ја пратат Ристовска веќе месеци наназад.
„Не знаеме кој по ред скандал е ова со членката на ДКСК, Цвета Ристовска“, рече Крмов и образложи дека во анкетниот лист што Ристовска го поднела во 2024 година при стапување на функција, не биле пријавени две фирми на нејзините деца, Буcт ДООЕЛ и Буcт Медиа ДООЕЛ. Според Крмов токму овие фирми за време на претседателската изборна кампања добиле околу 2,2 милиони денари од ВМРО-ДПМНЕ.
„Претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ, ја бранеше Ристовска дека наводно законот не ја обврзува бидејќи не живеела со децата“, рече Крмов и посочи дека ваквото објаснување е контрадикторно, бидејќи во анкетниот лист бил пријавен друг имот на нејзините синови, но не и фирмите што создава сомнеж дека токму тие биле свесно изоставени.
„Значи, или Ристовска не го познава законот или, децата фактички со неа. Таа е обврзана, но свесно ја испуштила таа фирма затоа што имаме директно конфликт на интереси, каде најголемата политичка партија, којашто е моментално на власт, фактички добила тендер за изборите“, кажа пратеникот.
Крмов потсети дека има и редица други примери во кои не се реагира или се заташкуваат на случаи на функционери на ВМРО – ДПМНЕ. Меѓу нив посочи на случајот со директорот на СОЗР, Ивица Томовски, поврзан со фирмата „Сити Аутсорсинг“, а претходно „Сити Логистик“, основана од таткото на Томовски, која добила државни тендери во вредност од околу 5,3 милиони евра, а случајот, како што рече, е заташкан. Исто така, потсети и на случајот со директорот на АНБ, Бојан Христовски и сомнежите за неговата фалсификувана диплома и непоседување на невалиден ТОЕФЛ сертификат.
„Убаво го паметиме случајот за директорот на АНБ, Бојан Христовски, каде што излезе дека Ристовска била предавач на истиот факултет, на истиот приватен универзитет каде што тој наводно заврши, бидејќи имаше анонимна пријава дека му е фалсификувана. Прво беше дека не била предавач, па после била предавач, па после од истиот универзитет нејзината слика беше отстранувана, па потоа сликата беше враќана, па предметот за Христовски падна кај неа. Некако интересно е како предметите на високи функционери, блиски до ВМРО – ДПМНЕ, секогаш завршуваат баш кај Цвета Ристовска“, истакна Крмов.
Од Левица најавуваат дека интерпелација е веќе подготвена и ќе биде поднесена во наредните денови, со цел да се отвори институционална одговорност за работата на членката на Антикорупциската комисија и да се спречи натамошна партизација и селективна правда.
Македонија
Василевска и Вајц во Скопје: Дијалог за реформите и европската перспектива на земјата
Копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет РСМ и ЕУ, Иванка Василевска се сретна со известителот на Европскиот парламент за нашата држава, Томас Вајц, кој престојува во работна посета на Скопје.
На средбата беа разменети мислења за актуелните политички состојби и динамиката на спроведување на реформската агенда, во контекст на европската интеграција. Во текот на разговорите беше даден осврт на клучните реформски приоритети, како и можностите за дополнително унапредување на реформските процеси во наредниот период.
Известителот на Европскиот парламент информираше за тековните и претстојните активности во рамки на подготовката на извештајот за земјата, вклучително и фазите на собирање информации, како и постапката за разгледување и усвојување на извештајот во надлежните тела на Европскиот парламент.
На средбата беше истакната важноста од одржување на континуиран дијалог и соработка со европските институции имајќи ја предвид европската перспектива на земјата.

