Свет
(Видео) Воз што пренесувал опасни хемикалии излета од пругите во САД, жителите се евакуираат
Воз кој превезува етанол излета од шините во Рејмонд, Минесота. Опожарени се неколку автомобили, а локалните жители се принудени да се евакуираат.
Според првичните информации, 14 од 40 вагони содржеле опасни хемикалии, меѓу кои и етанол.
„Возот превезува мешан товар, вклучувајќи етанол и сируп од пченка“, рече Лена Кент, генерален директор за јавни работи на БНСФ Раилвеј.
Етанолот е многу запалива хемикалија. Во случај на изложеност, може да се појават симптоми како кашлица, вртоглавица, иритација на очите, поспаност и несвестица.
Инцидентот се случи околу 1 часот по полноќ, соопшти пожарникарската служба на Рејмонд на Фејсбук. Населението кое живее на 800 метри од несреќата е евакуирано. Властите ги истражуваат причините за несреќата, пишува „Си-ен-ен“.
Ова е четврта железничка несреќа од ваков тип во САД во последните месец и половина. Пред две недели воз со опасни материјали излета од шините во близина на границата Аризона-Калифорнија. Пред три недели воз излета од шините во Западна Вирџинија, при што беа повредени тројца членови на екипажот и истури дизел гориво во блиската река.
Пред месец и половина, во градот Источна Палестина, Охајо имаше излетување на воз од шините, испуштајќи потенцијално опасни хемикалии во почвата, воздухот и водата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Од забава во болница, рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска
Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.
Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.
„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
Европа
Снежната бура остави без струја околу 33.000 домаќинства во Франција
Околу 33.000 домаќинства останаа без струја вчера во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.
„Во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).
Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.
Мобилизирани се 2.200 техничари за да ги отстранат нарушувањата и да обезбедат електрична енергија, по налетот на бурата што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.
Свет
Близу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права.
УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се зголемува бројот на цивилни жртви, пренесува Ал Џезира.
Исто така, се вели дека 90 отсто од населението, околу 1,9 милиони луѓе се внатрешно раселени и дека многу од нив морале да се преселат 10 или повеќе пати, бегајќи од израелските напади.