Црна хроника
237 санкционирани возачи во Скопје: 79 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.3.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 237 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
(Видео) Уапсен скопјанец, пронајдена е дрога во неговиот дом

На 7 октомври, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај М.Ј (40) од Скопје.
При претресот пронајдени се две полиетиленски кесички со амфетамин, пет шишиња со течен амфетамин и компоненти за производство на амфетамин, дигитална вага со траги од кокаин и други прекурсори за производство на амфетамин.
Лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена Кривична пријава.
Црна хроника
Едно лице загина, неколкумина се повредени во сообраќајна несреќа во Кочанско

Вчера во 09:18 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на експресниот пат Штип- Кочани, во близина на с.Горни Подлог, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Х.М.(32) од с.Трубарево, скопско и патничко возило „фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки, управувано од 22-годишната И.М. од Кочани.
Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи и Б.Д.(33) од с.Љуботен, скопско, Д.З.(36) од с.Трубарево и И.М.(21) од с.Трубарево, сопатници во возилото „рено“, и по укажаната помош во болницата во Кочани, 22-годишната И.М. е пренесена во приватна болница во Скопје, додека останатите се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Од здобиените повреди Б.Д. починал, а кај Х.М. се констатирани тешки телесни повреди. Додека, кај останатите се констатирани телесни повреди. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Штип– ОВР Кочани.
Црна хроника
Уапсени штипјанец и кавадарчанец, возеле пијани, а мажот од Штип предизвикал и сообраќајна незгода

Вчера во 21:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода 58-годишниот Р.Ѓ. од Штип. Претходно, околу 21:10 часот на крстосница од улицата „Борис Крајгер“ со улицата „Џемал Бједиќ“ во Штип со патничкото возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната А.П. од Штип.
Додека, при преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,02 промили алкохол во крвта.
Ноќеска, во 01:45 часот на улицата Леце Котески во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода 41-годишниот Л.Т. од село Бегниште, кавадаречко.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „форд” со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Л.Т., и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,30 промили алкохол во крвта.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а – „безобѕирно управување со моторно возило“.