Свет
Америка, правда и политика: Доналд Трамп е првиот поранешен претседател на САД, кој е кривично гонет
Доналд Трамп стана првиот поранешен претседател на САД, кој е кривично обвинет пред суд.
Големата порота на Менхетн, Њујорк, го обвини Трамп за пари тајно исплатени на ѕвездата на филмови за возрасни, Сторми Даниелс.
„Контактиравме со адвокатот на г. Трамп за да го договориме неговото предавање на канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетн за да се соочи со понатамошно судење“, соопшти Обвинителството.
Детали за обвиненијата сè уште не се објавени.
Ова е една од неколкуте истраги против Трамп, кои вклучуваат исплати на порноѕвездата Сторми Даниелс (вистинско име Стефани Клифордс).
Според судските документи, пред изборите во 2016 година Трамп 1 платил на Сторми Даниелс 130.000 долари преку адвокат за да молчи дека имала секс со него една деценија порано.
Трамп изјави дека е целосно невин и рече дека нема да се откаже од претседателската кандидатура за изборите во 2024 година.
Неговите адвокати очекуваат да преговараат со обвинителите за датум и време за тој да им се предаде на властите по обвинението, кое се очекува да биде доброволно.
Се очекува Трамп да биде изведен пред кривичниот суд во Њујорк во вторник на 4 април.
Самата исплата не беше незаконска, но Трамп и неговиот адвокат ја претставија како плаќање однапред за правни услуги, што се смета за лажно пријавување во државата Њујорк и е казниво според кривичниот закон.
Адвокатот Мајкл Коен беше осуден на три години затвор во 2018 година, но Трамп, тогашниот претседател, не беше формално обвинет.
Сепак, сè уште не е познато за што точно обвинителот Брег ќе го обвини Трамп.
На Трамп, кој живее на Флорида, најверојатно ќе му биде наредено да се појави пред судот во Њујорк, каде што и формално ќе биде уапсен.
Ќе му бидат земени отпечатоци од прстите и ќе се фотографираат неговиот лик и профил, како и на сите осомничени во кривични предмети, а потоа ќе се одржи првото рочиште.
Американскиот претседател Џозеф Бајден сè уште не го коментира обвинението против Трамп кого го наследи како претседател на САД во 2020 година.
Но, Ненси Пелоси, која долго време беше една од најжестоките критичари на Трамп, се огласи.
„Никој не е над законот и секој има право на судење да ја докаже својата невиност.
Да се надеваме дека поранешниот претседател мирно ќе го почитува системот што му го дава тоа право“, напиша таа на „Твитер“.
Таа додаде дека големата порота, која го поднела обвинението, „постапила според фактите и законот“.
Во изјавата за одлуката на големата порота Доналд Трамп го обвини обвинителот Брег дека „вршел валкана работа за Џозеф Бајден“.
Тој вели и дека не може да очекува фер судење во Њујорк.
Тие го поднесоа ова лажно, коруптивно и срамно обвинение против мене само затоа што сум со американскиот народ и тие знаат дека не можам да имам фер судење во Њујорк!“, напиша тој на својата социјална мрежа „Вистина“.
Во претходните коментари тој го опиша обвинението како политички прогон и го критикува окружниот обвинител на Менхетн, кој го води неговиот случај.
Трамп е поддржан од многу членови на Републиканската партија, кои исто така силно го критикуваат обвинителот.
Ова не е единствениот правен проблем што го има Трамп.
Агентите на Федералното биро за истраги (ФБИ) извршија рација во неговиот дом на Флорида во август 2022 година земајќи, како што тврдеше, доверливи владини документи дека му било законски забрането да ја напушти Белата куќа по завршувањето на неговиот претседателски мандат.
Слични доверливи документи подоцна беа пронајдени во куќата на актуелниот американски претседател Џозеф Бајден.
Освен овој случај, Трамп долго време е под истрага и за инвазијата на американскиот Конгрес од страна на неговите поддржувачи во јануари 2020 година, која резултира со смрт на неколку лица, пренесе „Б92“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Силен ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил
Реплика на Статуата на слободата во градот Гваиба во јужен Бразил се урна во понеделникот поради силни ветрови.
Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната, објави дека нема повредени во инцидентот.
In Brazil, a strong wind toppled the Statue of Liberty – the moment of the collapse was captured on video. Fortunately, no one was injured. However, the 25-meter replica of the American sculpture was severely damaged. Workers are currently dismantling the monument. pic.twitter.com/rOrSSibwOz
— Farnak (@Farnakyboy) December 16, 2025
Тој изјави дека градските служби, во соработка со членовите на државната цивилна заштита, веднаш го обезбедиле подрачјето и ги спровеле потребните истраги.
Бразилската агенција за цивилна заштита објави дека налетите на ветерот надминале 90 километри на час, додека предупредувањата се на сила низ целиот регион поради неповолни временски услови.
Фото: депозитфотос
Регион
Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија: Вучиќ вели дека никој нема да оди во Брисел
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник.
„За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, изјави претседателот за РТС.
Тој изјави дека донел таква одлука за да не биде обвинет никој друг и дека Владата нема да трпи никаков притисок.
Тој рече дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери.
„Искрено сум благодарен за почитта што Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот Макрон, со кого разговарав синоќа. Сметам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на тоа што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат точно што критикуваат. Верувам дека со ова ја штитам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи мора да покажеме што сме направиле“, рече Вучиќ.
Тој повтори дека Србија ќе го продолжи својот европски пат додека тој е претседател, а потоа, како што рече, ќе видиме, пренесува РТС.
Фото: депозитфотос
Свет
Сијарто предупредува: На економијата на ЕУ ѝ се заканува колапс во случај на конфискација на руски средства
Конфискацијата на замрзнатите руски резерви може да предизвика колапс на економијата на Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Руската национална банка ja чува својата имовина и средства во Белгија.
Сосема е очигледно дека ако ЕУ ги конфискува своите резерви, глобалната доверба во белгискиот пазар ќе исчезне, а преку него и целиот финансиски пазар на ЕУ.
Ако довербата во европската инвестициска средина исчезне, тоа може да доведе до колапс на европската економија“, рече тој во програмата „Час Правде“.
Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврдија за време на разговорите дека таков чекор од Брисел нема да помине без одговор од Москва.
Ова ќе зависи од ставот на поединечните земји во Европската Унија, истакна Сијарто.
„Конфискацијата на руски државен имот е една од најсериозните ескалации на ризикот во последните четири години, а запленувањето на резервите од страна на ЕУ е решение кое се заканува со ескалација на војната“, нагласи дипломатот.
И покрај фактот дека се чини дека дипломатското решение за украинската криза се приближува, Европејците всушност се обидуваат да ја продолжат и влошат војната со целосно непотребно присвојување на руски средства, резимираше тој.
На 12 декември, Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на суверените руски средства, пренесува Спутник.
Европската комисија се надева дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани на платформата „Јуроклир“ во Белгија.
Фото: депозитфотос

