Свет
Меѓународната заедница стравува од нова хуманитарна катастрофа во Бахмут
Крвавата битка за украинскиот град Бахмут набргу би можела да стане уште поразорна. Имено, руската паравоена формација „Вагнер“, која е на првите борбени линии во битката за овој град, влегла во фабриката „Азом“, каде што според нивните тврдења се наоѓаат украински борци.
Овој развој на настаните потсетува на окупацијата на фабриката за челик „Азовстал“ во пристанишниот град Мариупол, каде што украинските војници поминаа низ вистински пекол за време на 82 дена заробеништво.
Имено, според тврдењата на „вагнерците“, кои упаднале во фабриката, тие случајно го нашле патот до неа поради што украинските војници ги чекале целосно неподготвени.
„Се обидовме да најдеме пат до фабриката, а потоа го открив овој премин. Влеговме незабележано, не промаши украинскиот стрелец. Слушнав како непријателската група зборува зад ѕидот“, изјави командантот на јуришот за руските медиуми.
Засега не се знае точно колку украински војници се заробени во фабриката, ниту како се постапува со нив.
Сепак, се очекува дека Украинците ќе се обидат да го вратат Бахмут, што го потврдува и изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Имено, лидерот на Украина рече дека загубата на Бахмут ќе направи украинското општество да се чувствува уморно, додека на Русија ќе и овозможи „да ја продаде оваа победа на Западот, на своето општество, на Кина, на Иран“.
„Ако почувствува малку крв – мириса дека сме слаби – Путин ќе притисне, ќе притисне и ќе притисне“, рече Зеленски.
Исто како и „Азовстал“, и „Азом“ е огромна фабрика која се смета за еден од најголемите капацитети за производство на обоени метали на територијата на целиот Советски Сојуз. Второ, сценариото е исто така речиси идентично. Имено, руските војници на прилично сличен начин ја окупирале челичарницата во Мариупол.
Имено, оваа фабрика беше една од првите руски цели на територијата. По окупацијата, Русите практично ги „отсекоа“ борците на баталјонот Азов, кои беа во него, од остатокот на светот. Се претпоставува дека „Вагнер“ сега ќе го направи истото.
Покрај тоа, со освојувањето на Мариупол руските сили формираа копнен коридор до регионот на Донбас, кој се состои од самопрогласените Донецк и Луганск, кои се под руска контрола.
Истото би можело да се направи и сега – падот на Бахмут може да дозволи навлегување во Краматорск и Славјанск, два украински града кои некогаш беа под руска контрола, но Киев успеа да ги врати.
Меѓутоа, она од што стравува меѓународната заедница е повторување на хуманитарната катастрофа од Мариупол.
Имено, тогаш руските сили по еден месец успеаја да го опколат градот, што практично ја оневозможи испораката на хуманитарна помош. Оние кои успеале да побегнат велат дека жителите на Мариупол немаат храна, вода, ниту основни потреби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нов инцидент во Полска: дрон падна во близина на воена база
Нов инцидент поврзан со беспилотно летало е регистриран денес во Полска. Како што објавија локалните власти, мал дрон паднал во областа на воена база во централна Полска. Комерцијално достапен модел се урна во Лоѓ откако се заплетка во дрво.
Според информациите од воената полиција, не е регистрирана никаква штета. Властите брзо го идентификуваа и приведоа осомничениот оператор, 22-годишен полски државјанин, и го обвинија за кршење на прописите за воздухопловство. Имено, управувањето со беспилотни летала во близина на воен објект може да резултира со затворска казна до пет години, а истрагата е во тек. Сличен инцидент се случи на 28 јануари кога мал дрон падна врз воена база во Пжасниш, според „Киев Индепендент“.
Претходните видувања на беспилотни летала во неколку европски земји предизвикаа прекини во воздушниот сообраќај, додека стравувањата од ескалација на руската хибридна војна растат. Полска, членка на НАТО, е во состојба на висока готовност од септември кога неколку руски беспилотни летала беа соборени над нејзина територија за време на напад врз Украина.
Инцидентот следеше по нарушувањата на воздушниот простор на балтичките сојузници на НАТО од страна на руски борбени авиони, како и по сомнителните видувања на беспилотни летала над европските аеродроми и други стратешки цели. Некои западни лидери повикаа на порешителен и покоординиран одговор, вклучително и соборување на беспилотните летала кога е потребно.
Свет
(Видео) Обилни дождови, силни ветрови, Португалија е во најголем ризик од поплави поради бурата „Марта“
Националниот командант на Цивилната заштита на Португалија, Марио Силвестре, денес предупреди на опасноста од обилни дождови и силни ветрови предизвикани од бурата „Марта“ во текот на претстојната ноќ, а највисокото ниво на тревога ќе остане на сила до сабота поради ризикот од поплавување на неколку реки.
Според португалскиот „Диарио де Нотисијас“, главната загриженост се однесува на реките Дуро, Мондего и Тахо, поради влијанието на шпанските брани и високите нивоа на водата.
Storm Marta is on its way
The sky over Portugal didn't change today, with heavy clouds, as Storm Marta is expected tomorrow. Bringing strong winds, persistent rain and rough seas. Stay updated with the weather forecast here: https://t.co/urjPWjI1Fc#theportugalnews #portugal pic.twitter.com/N4IiiAJbLM
— The Portugal News (@theportugalnews) February 6, 2026
„Нè очекуваат обилни врнежи од дожд и налети на ветер до 100 км/ч. Поради заситеноста на земјиштето и оштетената инфраструктура, потребно е да се биде внимателен за да нема дополнителни проблеми и жртви“, рече Силвестре.
Фото: ЕПА
Свет
Песков ги повика Русите да не ги игнорираат Олимписките игри
Прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека настапите на руските спортисти на Олимписките игри се задолжителни. Според РИА Новости, тој ќе ги гледа и церемониите на отворање и затворање.
„Дефинитивно ќе бидам таму каде што настапуваат нашите момци. Ќе бидам таму на отворањето и затворањето. Тоа мора да се види“, рече Песков.
На Зимските олимписки игри 2026 година ќе бидат доделени 116 медали во 16 спортови. Меѓу руските спортисти на кои им е дозволено да се натпреваруваат како неутрални се уметничкото лизгање Аделија Петросјан и Петр Гуменик, скијачот Никита Филипов и брзите лизгачи на кратки патеки Иван Посашков и Алена Крилова.
Фото: ЕПА

