Спорт
Меси им се доверил на „гаучосите“, ќе остане во ПСЖ и следната сезона
Аргентинскиот ас Лионел Меси најверојатно ќе остане во Пари Сен Жермен и следната сезона. Тоа во доверба им го соопштил на соиграчите од репрезентацијата на Аргентина на пријателските натпревари што „гаучосите“ ги одиграа по освојувањето на Светското првенство во Катар.
Во последниот период се засилија најавите за негово враќање на „Камп Ноу“, но големо прашање е Барселона дали ќе успее да изнајде финансии за таков голем потфат.
Поради ова, Меси сериозно размислува да остане во ПСЖ уште една сезона, а потоа би заминал во Америка каде ќе му се придружи на Дејвид Бекам во проектот на Интер Мајами. Клубот од МЛС – лигата на САД му нуди и акции од франшизата, само тој да го облече дресот на Интер Мајами.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на Вимблдон
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го победи Американецот Френсис со 3:2, по сетови 5:7, 6:2, 4:6, 7:6, 6:2 во третото коло на Вимблдон.
„Секогаш е предизвик да се игра против Френсис, тој е многу талентиран. Заслужува да биде на врвот.
Не ми беше лесно да ја пронајдам својата игра, да се адаптирам и да најдам решенија. Но на крајот успеав“, изјави Алкараз.
„Имав неколку тешки моменти во четвртиот сет и си велев дека треба да се борам и да размислувам за следниот поен.
Во тајбрејкот си реков дека морам да нападнам. Кога тоа ќе се случи, обично завршува добро, така и беше“, додаде актуелниот шампион на Вимблдон.
Алакараз го забележа деветтиот последователен триумф во одлучувачки сетови на Грен слем турнирите.
Забележа и позитивен скор во мечевите против Американецот Тиафо, сега е 2:1 во победи за третиот тенисер во светот.
Следен ривал за шпанскиот играч ќе биде Брендон Накашима или Иго Умбер.
Спорт
Шпанија, живот во сенка на познатите претходници
Фактот дека епитетот најискусен играч ќе го носи напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората е најдобар показател за тоа колку се промени шпанската репрезентација во изминатите неколку натпреварувачки циклуси.
По Мората, најмногу ќе се очекува од Родри, кој со своите настапи во претходните две години докажа дека моментално е најдобриот заден играч за врска во светот.
Заедно со неколку поискусни играчи, шпанската селекција ја сочинуваат голем број млади и талентирани фудбалери кои немаат големо искуство – повеќето од нив се уште немаат ни 30 настапи за националниот тим
Џамал и Вилијамс веќе ја подигнаа својата вредност за десетици милиони, додека Руиз покажа дека е еден од најпотценетите играчи од средниот ред во Европа.
Карвахал ја донесе потребната безбедност и Кукуреља покажа зошто Челзи троши големи пари за да ги реши своите проблеми на левото крило.
Шпанија, за разлика од деновите на Енрике, покажа високо ниво на концентрација и посветеност на дефанзивните задачи.
Де ла Фуенте ги пронајде совршените 11 играчи за својот систем за кои се уште никој не најде решение.
Покрај тоа, индивидуалниот квалитет на Џамал и Вилијамс, мајсторијата на Родри на средината на теренот и животниот фудбал на Руиз ја правеа разликата на секој дуел.
Шпанците најверојатно ќе се обидат да ја нападнат Германија од крилните позиции, без разлика дали станува збор за изградени акции или контри, а играта најверојатно ќе ја добие екипата која преовладува на средината на теренот.
Спорт
Германија, репрезентација со високи амбиции
Амбициите на Германија, домаќинот на ова ЕП секогаш биле високи.
Нагелсман се одлучи за комбинација на веќе искусни ветерани и нови имиња.
Меѓу голманите, можеби најпознат тандем во првенството е Нојер – Тер Штеген.
Не можете без Баерн. Тимот од Минхен го претставуваат Нојер и уште четворица играчи: Џошуа Кимих во одбраната, Александар Павловиќ, Џамал Мусијала и Лерој Сане во средниот ред и Томаш Милер во нападот.
Од редовите на непобедливиот освојувач на домашната „двојна круна“ Баер Леверкузен, на листата се Жнонатан Та, Роберт Андрих и добитникот на наградата за играч на годината во Бундеслигата, Флоријан Вирц.
Репрезентативците ги предводат освојувачите на Лигата на шампионите, Антонио Ридигер и Тони Крос од Реал.
Тука се и Каи Хаверц од Арсенал, Илкај Гундоган од Барселона и Паскал Грос од Брајтон.
Финалистите во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд ги претставуваат Нико Шлотербек и Никлас Фулкруг.
Штутгарт има дури пет имиња на списокот од 27 играчи, Хофенхајм и Лајпциг по двајца играчи, а од Ајнтрахт беше повикан Робин Кох.