Македонија
Со Mozzart во борба против насилството!

Регионалниот лидер во приредувањето игри на среќа, компанијата Mozzart, продолжува со акциите ширум Македонија. Овој пат, се потпиша договор со Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.
Се работи за договор кој е потпишан на шест месеци, а финансиските средства ќе бидат наменети за непречено функционирање на Женскиот центар за поддршка – Скопје, кој е инаку специјализирано советувалиште за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство. Женскиот центар за поддршка обезбедува услуги од социјална работничка, психолог, правничка, кариерна советничка, како и помош за домување, и претставува прв сервис од ваков тип, кој обезбедува сеопфатна помош и поддршка за жртвите и нивните деца. Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство е формирана на 7 декември 2010 година од дваесет граѓански организации кои работат на полето на спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство.
„Сакам да ја изразам мојата огромна благодарност до Mozzart за поддршката која ја обезбедија за советувалиштето за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство. Предизвиците да го осигураме работењето на центарот се многу големи, особено поради недостатокот на финансиска поддршка од државата за ваков тип на сервиси кои се раководени од граѓански организации. Вклучувањето на бизнис секторот е од клучна важност, а Mozzart ја препозна важноста од постоење на овие сервиси и обезбедија директна финансиска помош кога тоа ни беше најмногу потребно“ – изјави Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
Инаку, родово базираното и семејно насилство се општествен проблем кој е го има насекаде, и во урбаните и во руралните средини, и во секое општество, и како таков остава многубројни и долготрајни последици како по жената жртва, така и по нејзините деца. Насилството врз жени се одразува врз економскиот и севкупниот развој на едно општество, а е резултат на историски заснована нееднаква положба на жените и мажите, во која жените се во немоќна или помалку моќна положба во однос на мажите.
Токму затоа одговорноста за намалување на ризиците од појава од насилството и заштита на жените ја бараме кај локалните и националните власти кои треба да испратат јасна порака за неприфатливоста на насилството и сериозна заложба за системски промени кои ќе водат до соодветен, навремен и сеопфатен одговор кон проблемот.
Насилството врз жените и децата можеме да го спречиме ако не го игнорираме, туку го пријавиме и им дадеме поддршка на жртвите да ја напуштат насилната средина. Пријавувањето на насилството е првиот чекор!
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, соопшти дека, денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-200 мм, на ул. Бајрам Шабани бр. 7, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Бајрам Шабани, Челопек, Чаирска, Јајце и Ордан Чопела. (Општина Чаир)
· Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-80 мм мм, на ул. Коле Неделковски бр. 59, од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Коле Неделковски и Киро Крстевски -Платник. (Општина Центар)
Македонија
Претежно сончево, кон крајот на денот со зголемена облачност

Времето денеска, претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 33 степенiи.
Во наредните денови следува период на претежно сончево време, освен во среда кога ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Во среда и четврток ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Македонија
Додека Мицкоски измислува странски служби и хибридни напади, неговиот министер Тошковски јавно го демантираше, велат од СДСМ

Според СДСМ, она што се случува деновиве покажува дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не само што e неспособна туку е во целосна конфузија.
Според оваа партија, додека премиерот Христијан Мицкоски измислува странски служби и хибридни напади, неговиот министер Тошковски јавно го демантираше, ја префрла вината врз граѓаните кои живеат покрај депониите.
„Јасно како ден е дека „хибридниот напад од странски центри“ е смешно алиби за неспособноста на Мицкоски и неговата влада. Мицкоски глуми жртва секој пат кога е фатен во неспособност да одговори на проблемите.
За овие 15 месеци имавме 5 различни и измислени сценарија, за дестабилзаиција, за странски служби, за дронови, за следење на премиерот и сега еве хибридни напади од надворешни центри на моќ.
Неспособност не може да се покрие со изговори, таа се гледа и граѓаните многу добро ја знаат затоа што ја плаќаат со најважното нешто, нивното здравје“.
Од оваа власт, додаваат од СДСМ, не видовме ниту едно решение за ниту еден проблем, затоа се изговорите.
„Резултатот на владата на Мицкоски е катастрофален: депониите горaт, воздухот не се дише, канцерогените материи се зголемуваат, а институциите се парализирани од лагите и изговорите на власта“.