Македонија
Коалиција „Сите за правично судење“ загрижена за постапувањето на судечкиот совет во врска со автобуската несреќа кај Ласкарци
																								
												
												
											Коалицијата „Сите за правично судење“ со загриженост гледа на постапувањето на судечкиот совет во предметот К-1407/19, а во врска со автобуската несреќа што се случи во 2019 година кај селото Ласкарци.
Коалицијата, потсетуваат од таму, веќе реагира на фактот што во временски период од над 1 година не беше одржано ниту едно рочиште за главна расправа бидејќи се чекаше да биде изготвено супервештачење по наредба на судот, а тој не ги примени законските одредби што ги има на располагање за да се осигури дека вештачењето ќе биде изготвено во разумен рок.
Додаваат дека откога беше доставено супервештачењето до Основниот кривичен суд Скопје, Ссдот на ден 24.1.2023 година закажа ново рочиште за главна расправа, на кое беше констатирано дека поради истек од 90 дена од последно одржано рочиште, главната расправа ќе почне одново и таа на наредното рочиште ќе продолжи во фаза на дополнение на доказна постапка, со изведување материјален доказ – супервештачење и испитување вешти лица што го изготвиле.
„Откако супервештачењето беше изготвено, беа закажани рочишта за негова презентација и за испитување на вештаците што го изготвиле, но, за жал, повторно и на овие рочишта коалицијата преку своите професионални судски набљудувачи детектира несоодветна примена на одредбите од Законот за кривичната постапка, овој пат на одредбите што го предвидуваат начинот на кој се врши испитување вешто лице на рочиште за главна расправа пред судот 2, како и постапувањето на судот со вешто лице или сведок што не е испитан.
Имено, на закажаните рочишта за главна расправа на 26.1.2023 година и на 2.2.2023 година, испитувањето на вештите лица било спроведено на начин што судот донел решение еден член од тимот да стои во делот предвиден за давање исказ и да дава одговор на прашањата што ќе му бидат поставени, а сите други вешти лица да останат и бидат присутни во судницата и да дополнуваат на претходно дадените одговори од страна на вештакот што се испитува од странките. Освен дополнување на дадените одговори, во повеќе наврати било забележано, наместо вештото лице што се испитува, одговори на поставените прашања да бидат дадени од страна на другите вешти лица од тимот присутни во судницата. Ваквиот начин на испитување бил дозволен од страна на судечкиот совет со образложение дека предметното супервештачење било изготвено од страна на вкупно четири вешти лица, сите тие заедно како тим работеле на неговото изготвување, вештачењето е потпишано од секој индивидуално и сите вешти лица пред судот имаат дадено, односно положено заклетва, иако јавниот обвинител оправдано се спротивставил на ваквиот начин на испитување на вештите лица“, додаваат во реакцијата од коалицијата.
Истакнуваат дека, без разлика на бројот на вешти лица што се вклучени во изготвување на едно вештачење (во случајот супервештачење), ваквата практика на постапување од страна на судечкиот совет при испитувањето на вешто лице е спротивна на одредбите од Законот за кривичната постапка, кои го регулираат овој дел, поради повеќе причини.
„Најнапред, во согласност со одредбите од ЗКП, конкретно членот 378, вештите лица може да присуствуваат во текот на главната расправа и да го следат судењето, односно да може да ги чујат исказите на сведоците што ќе бидат испитани, како и да се запознаат со другите докази што ќе бидат изведени во текот на главната расправа. Оваа одредба во ниту еден случај не значи дека тие може да даваат одговори на прашања што им се поставуваат на други вештаци, кои се предмет на испитување, или со други зборови, законот не предвидува можност за тимско одговарање на прашањата што се поставуваат за конкретното вештачење. Дотолку повеќе што согласно членот 360 од ЗКП претседателот на судечкиот совет е должен да ги предупреди присутните во судницата да не го нарушуваат текот на расправата, па дури може да нареди од заседанието да се отстранат лицата што како слушатели присуствуваат на главната расправа доколку тие и по опомената го нарушуваат одржувањето на главната расправа“, предупредуваат во соопштението.
Согласно членот 389 „судот може да нареди испитаните сведоци и вештаци да се отстранат од судницата и подоцна повторно да бидат повикани и повторно да се испитаат во присуство или отсуство на други сведоци или вештаци“, па така во конкретниот случај би било сосема оправдано доколку вештаците кои не биле испитани, се отстранат од судница, па дури откако би било утврдено евентуално несовпаѓање на нивните искази, да бидат повикани сите заедно во судницата со цел истите да се соочат и да се утврдат причините за неконзистентните искази на лицата кои го изготвиле вештачењето. Сепак, дури и во таков случај, соочувањето не би смеело да биде направено на начин што сите вештаци истовремено ќе одговараат на истото прашање, нагласуваат од „Коалицијата сите за правично судење“.
На ова, како што додаваат, се надоврзува членот 387, став 4 од ЗКП согласно кој „ако некоја од странките бара вештото лице да се испита на главната расправа, писмениот наод и мислење ќе бидат прифатени како доказен материјал само ако вештото лице кое го изработило вештиот наод и мислење дало свој исказ на главната расправа и била дадена можност да биде вкрстено испрашано“. „Во конкретниот случај, освен вештото лице кое било повикано да даде исказ пред Судот, ниту еден друг член од тимот на вешти лица кој бил присутен во судницата не смеел да одговара на прашањата што биле поставувани додека не биде повикан да сведочи, бидејќи на овој начин de facto се заобиколува можноста странките директно и вкрстено да ги испитаат сите вешти лица кои го изготвиле вештачењето. Ова е особено битно доколку се има предвид дека вкрстеното испитување е веројатно најголемата можност за дискредитација на вештото лице, односно дискредитација на изготвеното вештачење во целина, нешто што не е возможно да биде направено доколку истовремено се испитуваат сите вешти лица. Поради ова, Судот требало да повика едно од вештите лица согласно предлозите на странките, па дури откако ќе биде констатирано дека испитувањето на тоа вешто лице е завршено, да биде повикан друг вештак од тимот за да биде испитан, и така натаму додека не биде испитан и последниот член од тимот на вешти лица кои го изготвиле супервештачењето во рамките на овој судски предмет“, истакнуваат во реакцијата.
Коалицијата апелира судечкиот совет во оваа судска постапка, со должно внимание да го следи текот на главната расправа и испитувањето на вештите лица да го спроведе на начин што доследно ќе бидат испочитувани и соодветно толкувани релевантните одредби од Законот за кривичната постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.
Македонија
Димитриевски на првиот работен ден во новиот мандат: Најавувам над 30 инфраструктурни проекти во наредниот период
														Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, на првиот работен ден од неговиот трет мандат изврши увид на повеќе теренски активности при што најави над 30 инфораструктурни проекти во периодот што следи.
„Почитувани сограѓани, прв работен ден по изборот, овде сме во населба Зелен рид, на улица Васко Карангелески. Улица којашто носи име на еден наш великан, вистински патриот. Сакам од овде да најавам дека во следниот период започнува реализација на повеќе од 30 инфраструктурни проекти во различни делови на градот, со акцент на централното градско подрачје, големите урбани населби и урбано-руралниот дел во градот.
Продолжуваме заедно, ви благодарам на довербата. Куманово заслужува континуитет, вчера тоа го доби, го потврди. А моја обврска е да продолжиме заедно да го градиме Куманово”, истакна Димитриевски .
Македонија
(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори
														Државната изборна комисија попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори.
Гласањето како што информираше претседателот на ДИК, Борис Кондарко, било спроведено во 32 општини и во градот Скопје, со вкупно 1.013.357 избирачи.
„Бројот на избирачки места беше 1.777, сите избирачки места се обработени со оригинални записници, вкупниот број на избирачи кои гласале е 424.923 лица, вкупниот процент на избирачи кои гласале е 41,93 отсто“.
Вкупниот број на важечки гласачки ливчиња, како што кажа Кондарко е 404.464 гласачки ливчиња а 23.930 се неважечки.
Во десетте скопски општини гласале вкупно 474.304 избирачи, а на територијата на градот 167.575. Од нив, како што посочи претседателот на ДИК, 157.047 гласачки ливчиња биле важечки, а 10.528 неважечки.
За кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, гласале 95.572 лица или 57,03 отсто, додека за кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, гласале 61.475 или 36,69 отсто од гласачите.
Кондарко посочи дека од денеска од 16:30 часот течат роковите за евентуални приговори на првичните официјални резултати. Приговорите може да се поднесат директно до ДИК во рок од 48 часа, поднесување на приговори по електронска пошта не е дозволено.
Ако до среда до истекот на рокот, не бидат поднесени приговори, за местата каде нема приговори ДИК ќе ги објави конечните резултати во четврток. Доколку има приговори, Комисијата има рок од 72 часа за одлучување, а потоа следи 24-часовен рок за поднесување тужби до Управниот суд. Управниот суд има рок од 48 часа за одлучување, што значи дека конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до понеделник или вторник.

