Македонија
„Нозете ми се тресат, ве молам да се собереме сите и да бараме секаде“, семејството на Аниса во очај, се бара помош за потрагата

Семејството на 12-годишната Аниса Ајро од Гази Баба, не добило никакви информации за нивната ќерка која исчезна пред 3 дена.
Нејзиниот татко Енгин во очај вели дека досега никој ги нема контактирано да пријави некаква трага која ќе ги одведе во прегратките на нивното дете.
Семејството на Аниса ги мобилизира сите пријатели и добри луѓе кои би можеле да им помогнат за заедно да пребаруваат, со надеж дека девојчето ќе биде најдено.
Taткото апелира до целата јавност да се приклучи кон нивните напори.
„Ве молам, да се собереме сите – новинари, политичари, спортисти. Сите, сложно да станеме на нозе и заедно да ја најдеме Аниса. Ќе бараме секаде. Тешко ни е многу. Нозете ми се тресат кога зборувам“, рече таткото во изјава „Макфакс“.
Во врска со другото 15-годишно девојче, Мелиса, кое истотака вчера беше пријавено за исчезнато, таткото на Аниса вели дека двете не биле другарки, туку познанички, а и за неа не се знае каде би можела да биде. Ја отфрла можноста дека девојчињата можеби побегнале заедно, бидејќи другото девојче е многу повозрасно.
„Макфакс“ објави дека Аниса Ајро последен пат била видена завчера на паузата во училишниот ходник. Тоа на таткото му го раскажала нејзина другарка која последен пат ја видела на тоа место. Од тогаш на девојчето му се губи секаква трага.
Енгин Ајро повика секој кој поседува некоја информација за Аниса да го контактира на телефонскиот број +389 72232 983.
(Дополнување) По објавата на овој текст девојчињата се најдени
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Починато лице на списокот за гласање, ДИК отфрли седум и прифати три приговори за лично избирачко правo

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница отфрли седум приговори поднесени од граѓани за лично избирачко правo, а прифати три. Отфрлени како неосновани беа приговорите на Радица Радеска од Битола, Зилќафете Мемеди од Желино, Иџел Камбери од Желино, Гордана Радеска од Битола, Јетон Далипи од Струга, Весна Трајкова од Кичево и Оливер Трајановски од Куманово. Прифатени, пак, беа приговорите на Божидар Алтипармаков од Битола, Адис Таири од Гостивар и Едина Таири од Гостивар. Тројцата утре ќе може непречено да го остварат своето право на глас, но се должни со себе на гласачкото место да го донесат и покажат решението што ќе го добијат од ДИК како правен основ да бидат запишани во дополнителнот образец на Избирачкиот список.
На седницата беше усвоена и Одлуката за поништување на потврдена листа за членови на Совет на Град Скопје поднесена од Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ). Образложението е дека ДИК на 17 октомври, по допрен глас, дошла до информација дека на оваа листа има починато лице. ДИК предложи за овој случај понатаму да постапува Јавното обвинителство.
-ДИК согласно Деловникот и Изборниот законик констатира дека се поништува потврдената листа од Изборната комисија на Град Скопје за членови на Совет поднесена од ДНЕТ. ДИК одлучи дадените гласови за поништената листа членовите на избирачките одбори да ги евидентираат како неважечки гласачки ливчиња во записникот за гласање. Исто така, членовите на општинските изборни комисии кои спроведуваат гласање за Град Скопје, како и Изборната комисија на Град Скопје нема да ги сметаат како добиени гласови во соодветните записници за сумирање и утврдување на резултаите од гласањето, објасни претседателот на ДИК, Борис Кондарко.
Членот на ДИК, Александар Даштевски рече дека ваков случај, на предложено починато лице, имало и лани. Листата била отфрлена.
-Беше покрената и кривична постапка што е предвидено за вакви случаи, истакна Даштевски.
На седницата ДИК информира дека досега за следење на утрешните локални избори се пријавени 1 463 набљудувачи од кои 807 домашни и 644 мешународни, како и 12 странски новинари. ДИК воедно денеска им одобри акредитации за следење на изборниот процес и на уште двајца новинари од Радио-телевизија Косово.
Беше прифатена и Одлуката за доделување дополнителни средства на општинските изборни комисии за локалните избори.
Попладневната 147. седница на ДИК, како што напомена Кондарко, останува отворена за евентуално пристигнување на други приговори.
-Јавноста ќе биде известена за продолжение на седницата. Сега само ја прекинуваме, а ќе ја продожиме денеска ако има потреба, ако не, утре ќе констатираме дека ја затвораме, објасни Кондарко.
Македонија
Скандал во студентскиот дом „Гоце Делчев“, студент снимал девојки додека се туширале

Студент бил фатен како тајно снима студентка во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.
„На 16 октомври 2025 во 20 часот и 10 минути во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Прилеп, со престој во студентски дом на подрачјето на Карпош, пријавила дека истиот ден околу 17 часот, додека се туширала забележала телефон над параваните.
Според пријавата, А.М. (22) од Богданци ѝ кажал дека тој ги направил фотографиите. Лицето е приведено во полициска станица, а одземени му се лаптоп и компјутер.
„СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Македонија
Директорката Пешева вели дека „Лајка“ е пример за јавна институција која работи со срце

Јавното претпријатие „Лајка“ денеска организираше манифестација за одбележување на петгодишнината од основањето на која имаше изложба на кучиња што бараат дом, натпреварувачка изложба на миленици, како и ученички цртежи од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ и ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ и креативна работилница. Имаше и избор за најсмешна фотографија. Од манифестацијата беше испратена порака за дека вдомувањето е единственото хумано решение за проблемот со бездомните кучиња. Проблемот, беше речено, е системски и бара заедички одговор на сите надлежни институции.
-До сега покажавме дека знаеме да работиме одговорно и транспарентно, за што сведочат и бројките. Работиме со интегритет и хумано. Посветени сме на хуманата метода залови, стерилизирај и врати, посветени сме на вдомувањео како најдобра завршница во решавањето на комуналниот проблем со бездомните кучиња. Во овие три години колку што сум јас во „Лајка“ успеавме да заловиме преку 3200 кучиња, но и да вдомиме една треитина од нив или 1100 кучиња, рече директорката на ЈП Лајка Радмила Пешева.
Таа вели дека во периодот во кој раководи со претпријатието ЈП „Лајка“ прераснало во системски двигател на хуманата грижа за бездомните кучиња во Скопје
Со ограничени ресурси, како што нагласи, но со јасна визија „Лајка“ изгради препознатлива практика третман со грижа вдомување како крајна цел. Поастојано се комуницира со јавноста која е информирана, вклучена.
ЈП „Лајка“, вели Пешева, покажала дека дека е пример за јавна институција која работи со срце, а оти тоа се покажува низ бројки.
Во „Лајка“ електронски се евидентира секое куче, со следење од влез до вдомување, има волонтерска програма со формализирана обука и вклучување граѓани. Воспоставена, велат, е соработка со училишта и општини, стабилен обем на работа и покрај блокада на сметката и само четири општински партнери. Ова градско јавно претпријатие има најуспешна финансиска година со 13,2 милиони денари нето добивка, намалени адвокатски и административни трошоци, соработка со градоначалници и државни институции и меѓународни организации, како ENPA најстара организација за заштита на животни во светот.
Директорката Пешева вели дека ќе продолжат да работат со многу поголемо искуство, и поголема волја. Ги користат, нагласува таа, сите ресурси и човечки и финансиски, со кои располагаат, а имаат и поддршка од волентерите во Скопје и во цела Македонија.
-Сепак проблемот е упорен. Тој е системски повеќеслоен и се надвеаме дека институциите кои треба да дадат поддршка и да го решиме проблемот ќе дадат уште поголем придонес и ќе имаме конечно еден одговрен чекор во решавање хумано на овој проблем, а резултатите да бидат се повеќе видливи, истакна таа.
Од ЈП „Лајка“ нагласуваат дека вдомувањето не е само хуман, туку и општествен, комунален, едукативен и превентивен процес.
– Секое вдомено куче значи едно животно помалку на улица, помалку ризици за граѓаните и почиста, побезбедна и похумана урбана средина. Вдомувањето претставува суштински дел од решението за прекубројноста на бездомните кучиња – дел што директно го поврзува човекот со заедницата и со сопствената одговорност кон неа, порачуваат од ЈП Лајка по повод одбележувањето на петгодишнината од формирањето.