Спорт
Леклер го обвини Саинц за лошиот резултат во квалификациите

Возачите на Ферари, Карлос Саниц и Шарл Леклер имаа лоши квалификации во пресрет на трката за Големата награда на Австралија. Утрешната трката во Мелбурн, Саниц ќе ја започне од петтата, а Леклер од седмата позиција.
Леклерк за својот лош настап во квалификациите го обвини Саинц. Возачот од Монте Карло тврди дека Саниц му попречил при последнит обид да го подобри своето време. Леклер вели дека Саниц, наместо да му даде дополнително забрзување, тој го забавил неговиот ритам во кривините три и четири.
🔴 Voici le dernier tour de Q3 de Charles, (je ne vois pas d'aspiration de Sainz).#F1 #Charles16 #AusGP pic.twitter.com/t9gtuLRBqA
— Charles Leclerc 16 Fan Page 🇲🇨 (@CL16_FanpageFr) April 1, 2023
Леклерк видно разочаран излезе од болидот, додека збунетиот Саинц во боксот реши да му пријде за да дознае што се случило, но неговиот колега не беше расположен за разговор.
Леклер на крајот иронично реши пред камерите да покаже колку е лут и разочаран поради потегот на Саинц, смета дека неговиот тимски колега тоа го направил намерно.
Sıralama turlarının ardından Carlos Sainz ve Charles Leclerc'in arasında hafif bir gerginlik olduğu gözlerden kaçmadı.
İki pilotun sıralama turlarında bir iletişim sorunu yaşadığı iddia edilmekte.#Formula1 #AusGPpic.twitter.com/tAUp1wm0kA
— Motorsport.com Türkiye (@motorsportcomtr) April 1, 2023
„Во првиот и вториот дел од квалификациите не бев на ниво и возев лошо. Во третиот бев малку подобар и мислев дека можам да го подобрам резултатот. За жал, не знам што се случи во тој последен обид, без разлика дали тоа беше лоша радио комуникација со Карлос или што било. Бев позади него во целиот втор сектор. Во третата кривина загалавив позади Карлос. Секогаш се чувствувам добро кога ќе се случи тоа“, ирночно коментираше Леклер.
Трката за Големата награда на Австралија, утре ќе започне во 7 часот по средно-европско време. Од пол-позицијата ќе стартува Макс Ферстапен, пред возачите на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Јунајтед со играч помалку го победи Ипсвич, Арсенал освои само бод кај Нотингем, Сити го победи Тотенхем

Фудбалерите на Нотингем Форест ремизираа со Арсенал на „Сити Граунд“, 0:0 во 27. коло од Премиер лигата. Мначестер сити победи кај Тотенхем (1:0), Манчестер јунајтед со фудбалер помалку го победи Ипсвич (3:2), а Брентфорд и Евертон ремизираа (1.1).
Арсенал имаше иницијатива, но не успеа да создаде сериозни шанси. Најдобрата „тобџиите“ ја имаа во 23.минута кога калафиори ја погоди стативата.
Во следната рунда Нотингем Форест треба да се соочи со Манчестер сити на гости, додека Арсенал ќе биде домаќин на Манчестер Јунајтед.
Манчестер јунајтед ги преживеа глупостите на зимското засилување од Лече, Патрик Доргу и го совлада Ипсвич.
Екипата на Ипсвич поведе по големата грешка на Доргу, стрелец беше Џејден Филогијан. Сепак, избраниците на Рубен Аморим релативно брзо го свртеа резултатот, во период од само четири минути. Најпрво автогол си постигна капитенот на гостите Сем Морси, а потоа дефанзивецот на Јунајтед, Матијс де Лигт ја испрати топката во мрежата на Ипсвич за 2:1.
Сепак, во 43. минута Доргу доби црвен картон поради прекршокот над Омари Хачинсон.
Гостите брзо ја искористија предноста и го израмнија резултатот пред паузата со уште еден гол на Филогијан.,на асистенција на поранешниот играч на „црвените ѓаволи“ Аксел Туанзебе.
Сепак, и со играч помалку Јунајтед е подобар од Ипсвич, а тоа го потврди и голот на Хари Мегваер на самиот старт од вториот дел.
Ерлинг Халанд се врати во тимот на Манчестер сити по повредата на коленото, поради која не играше против Реал Мадрид (1:3) и Ливерпул (0:2).
Му беа потребни само 12 минути за да постигне гол.
Спорт
Сејбен Ли се врати во Евролигата

Американскиот кошаркар Сејбен Ли се врати во Евролигата, во последните часови од преодниот рок кој заврши во 18 часот потпиша за Олимпијакос. Грчкиот тим, реагираше на пазарот поради повредите на Томас Вокап и Лука Вилдоза.
Тимот од Пиреја го купи американскиот плејмејкер од турска Маниса за 550.000 евра. Ли потпиша две и пол годишен договор со Олимпијакос.
Ли на почетокот на сезоната настапуваше за Маниса, потоа накратко го облече дресот на Макаби, но реши да се врати во Турција.
Сепак, тој уште еднаш го привлече вниманието на евролигашите со своите добри игри. Претходно беше заинтересирана и Барселона, но Олимпијакос беше поконкретен.
Ли одигра осум натпревари за време на неговиот престој со Макаби, со просек од 12 поени, два скока и речиси три асистенции по натпревар.
Во Маниса, во турскиот шампионат, имаше просек од 18,7 поени, 3,8 скока и шест асистенции по натпревар.
Спорт
Дрогба: Мојот „татко“ не е расист

Поранешниот фудбалер на Галатасарај и на Челзи, Дидие Дрогба застана во одбрана на Жозе Мурињо, откако од Галатасарај го обвинија за расизам.
По ремито без голови меѓу Фенербахче и Галатасарај во турското дерби, Мурињо го пофали словенечкиот судија Славко Винчиќ, а на неговиот помошник од Турција му порача дека дербито ќе било катастрофа доколку правдата ја делел некој од локалните судии. Тој беше обвинет и дека наводно им рекол на некои играчи од клупата на противничкиот тим дека „скокаат како мајмуни“.
Затоа Галатасарај најави жалба против Мурињо.
„Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, кој редовно дава погрдни коментари кон турскиот народ во јавноста откако почна да работи во Турција, сега додаде нехумана реторика на своите неморални изјави. Затоа ја информираме јавноста дека поради расистичките изјави на Жозе Мурињо ќе поднесеме кривична пријава до државното обвинителство и дека ќе поднесеме жалба и до УЕФА и ФИФА“, најави Глатасарај.
Дидие Дрогба, на кого Мурињо му беше тренер во Челзи, исто така се огласи на социјалните мрежи и застана во одбрана Португалецот.
„Знаете колку бев горд што го носев жолто-црвениот дрес, знаете колкава е мојата љубов најтрофејниот клуб во Турција. Сите знаеме колку може да бидат жестоки ривалствата и имав доволно среќа да ги доживеам. Ги видов неодамнешните коментари за Жозе Мурињо. Верувајте ми кога велам, го познавам Хозе „xy“ години и тој не е расист. Историјата (мината и понова) го потврдува тоа. Да се фокусираме на нашите игри, да ги бодриме „лавовите“ и да ја освоиме лигата за да се доближиме до петтата ѕвезда“, напиша Дрогба и додаде:
„Како може мојот „татко“ да биде расист? Немојте луѓе“.
Дрогба за Галатасарај одигра 53 натпревари, постигна 20 гола и забележа 13 асистенции.