Македонија
Мицкоски: Има неформална коалиција СДС-ДУИ-Левица, тие гласаа точки за бетонизација и бизниси во Скопје и Карпош

Вистината, порано или подоцна излегува на виделина за оние политички партии кои што со евтин популизам, преку статуси на социјалните медиуми се обидуваат да го привлечат вниманието на луѓето кои што со право се разочарани од политиката и така злоупотребувајќи ги чуствата на луѓето, мислат дека ќе добијат некој поен повеќе и ќе си обезбедат, ете пратеничка плата, советнички паушал и така натаму, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања од Штип во врска со неформалната коалиција на СДСМ-ДУИ-Левица.
Таквата коалиција, вели Мицкоски, е се поочигледна во локалната власта каде што советниците на овие партии во општинските совети гласаат разно разни одлуку, како таа носењето на ДУП-от во Карпош со кој се овозможува бетонизација и изградба на десетици високо катници.
„Во текот на вчерашниот и завчерашниот ден можевте да бидете сведоци на една непринципиелна коалиција, а тоа е коалицијата на политичката партија Левица, политичката партија ГРОМ и СДСМ каде што, да речеме, во општина Карпош заеднички си изгласаа Детален урбанистички план каде што ќе се градат десетици згради без да има услови за тоа да се направи, каде што не се предвидени градинки, училишта и така натаму. Тие кои што до вчера пишуваа статуси против урбанизацијата, сега заедно со принцовите на бетонот во Скопје ќе градат десетици урбани станбени блокови“, истакна Мицкоски.
Таквата коалиција, додаде Мицкоски, може да се види и во Советот на Град Скопје каде што пред неколку дена советниците на СДСМ, ДУИ и Левица ги изгласаа програмите за работа на претпријатијата и институциите под надлежност на градот за заеднички да прават бизниси.
„Пред неколку дена, коалицијата Левица-СДСМ и ДУИ во Советот на Град Скопје ги изгласа заеднички програмите на работа на претпријатијата и инстируциите кои што се под ингиренции на Град Скопје, нормално, за да можат заеднички да прават бизнис. Ете така функционира, за жал, таа политичка партија која што во јавноста се обидува да се претстави себеси како опозициска. Но, таа е опозициска на ВМРО-ДПМНЕ, а таму каде што во советите треба да го поддржи ВМРО-ДПМНЕ заедно со многу инсинуации, со многу опструкции работи против волјата на народот, односно против ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.
Затоа, пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ до граѓаните е да се обединат околку нивната коалиција.
„Ве молам, да не дозволиме да ни се повторат овие, веќе шеста година се навршува во јуни, да можеме да го сопреме ова уназадување, овој пад на нашата татковина, а потоа да ја развиеме онака како што и прилега. Затоа да не подлегнуваме на евтин популизам преку социјалните медиуми, а во суштина се гласаат станбени блокови за дебели провизии и за дебели бизниси од страна на определени политички партии“, посочи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека Скопје мора да се гради со дела, а не со празни зборови.
„Вечерва не сум тука само како кандидатка за градоначалничка на Скопје. Тука сум, пред сè, како човек што верува во овој град и во луѓето што го прават Бутел дом,“ изјави Шукова.
Таа се осврна на реалните проблеми со кои се соочува општината запуштеното корито на Серава, недоволната инфраструктура, недостигот на јавен превоз и дотраената водоводна мрежа и истакна дека решенијата веќе се подготвени.
„Серава ќе стане место на кое ќе се гордееме уредено корито, пешачки и велосипедски патеки, зелена зона за сите. Новите паркови и 10.000 засадени дрвја ќе го вратат сјајот што Скопје го имаше пред децении,“ нагласи таа.
Посебен акцент стави и на водоснабдувањето и инфраструктурата:
„Денес, 60 проценти од питката вода се губи во системот. Време е за модернизација и стабилно снабдување со вода за секој дом. Новите мостови, клучки и булевари ќе го поврзат Бутел со целиот град и ќе овозможат безбедно и побрзо движење,“ рече Шукова.
Таа потсети дека во изминатите години градот беше заложник на неработење и популизам:
„Четири години ВМРО-ДПМНЕ ги запоставуваше општините. Време е за резултати, а не за слики и празни зборови. Половина од нашите проекти може веднаш да се реализираат,“ додаде таа.
Во својот говор, Шукова повика на единство и одговорност:
„Бутел не смее да биде изолиран. Бутел е почетна точка на модерното Скопје место каде што се инвестира, се гради и се слуша секој граѓанин.“
Македонија
Претежно облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 l/m²дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Потоа следува претежно стабилно време со потпросечни температури за овој период од годината.