Црна хроника
Штипјанец ја истепал мајка му, а потоа и полицаецот кој дошол да го приведе
На 31.03.2023 во 23,40 часот во Штип од полициски службеници од СВР Штип е лишен од слобода Е.А.(38) од Штип, затоа што околу 23.30 во семејниот дом во Штип, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата мајка, при што употребил остар предмет, а потоа агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Уапсени крадци на автомобили – ги расклопувале за делови
Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Н.(68) од Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени 4 кривични дела „одземање на моторно возило“, од кои три на подрачјето на скопски Центар и едно на подрачјето на општина Аеродром, како и против Ф.Љ.(22) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „помагање“.
Имено, првопријавениот кривичните дела ги извршил во последните два месеца, така што со употреба на физичка сила и погоден алат ги отворал бравите од возилата, ги одземал возилата и ги предавал на второпријавениот, каде што возилата биле расклопувани и продавани за делови.
Полициски службеници со судска наредба извршиле претрес на локација, сопственост на Ф.Љ., каде биле пронајдени поголема количина делови од возила кои потекнуваат од кривичните дела. Известен бил Јавен обвинител, а од страна на Судија на претходна постапка на Ш.Н. му е одредена мерка притвор.
Топ
Две жртви во сообраќајката на патот Радовиш-Штип, уште едно лице повредено
Две лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Радовиш-Штип.
Во несреќата е повредена и сопатничката од едното возило, која е пренесена во штипската Болница.
Веста за „Макфакс“ ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во несреќата учествувале автомобили „пасат“ и „опел“.
„На местото на несреќата починале возачите на двете возила, смртта ја констатирал лекар од „ЈЗУ Здравствен дом Радовиш“ а сопатничка од патничкото возило „опел” била пренесена во Медицински центар Штип“, информира Трајанова.
Увид на местото на несреќата врши јавен обвинител, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат.
Од полицијата повеќе детали за несреќата најавуваат за утре.
Црна хроника
Приведен скопјанец: се заканувал со ловечка пушка
Утрово во 01.20 часот во село Богомила, општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода Ѓ.Ѓ.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од Н.Д.(37) од село Богомила.
Ѓ.Ѓ. пред објект во селото со ловечка пушка му се заканил нему и на С.С., М.Д., Б.Ј., Т.Д., П.Б. и Д.Ѓ..
Бил задржан во полициска станица, а известен бил и јавен обвинител и по документирање на настанот протв него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.