Спорт
Новицки, Гасол и Паркер во Куќата на славните
Поранешните европски кошаркари Дирк Новицки, Пау Гасол и Тони Паркер се избрани за влез во Куќата на славните на НБА, соопшти оваа институцијата. Свечената церемонија е закажана за 12 август во Спрингфилд, Масачусетс.
Покрај овие тројца, во Ќуќата на славните ќе влезат и Двејн Вејд, Грег Попович и Беки Хамон.
Германецот Новицки е шестиот најдобар стрелец во историјата на НБА (31.560 поени во 1.522 натпревари) во регуларниот дел од сезоната. Тој е првиот Европеец избран за најдобар играч во регуларниот дел од сезоната во 2007 година. Во 2011 година со Далас ја освои шампионската титула.
Шпанецот Гасол со ЛА Лејкерс двапати ја освои шампионската титула во 2009 и 2010 година. Неодамна ЛА Лејкерс го повлече неговиот дрес со број 16. Со репрезентацијата на Шпанија освои една титула светски шампион (2006) и три титули на Европско првенство (2009, 2011, 2015 година).
Французинот Тони Паркер освои четири шампионски титули во НБА со Сан Антонио (2003, 2005, 2007, 2014 година). Тој е првиот европски играч избран за МВП на финалето во 2007 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Геј искучен, му залепи шлаканица на соиграчот Кин
Манчестер Јунајтед и Евертон го играат последниот натпревар од 13-то коло во Премиер лигата.
На почетокот на натпреварот, се случи бизарна ситуација, кога судијата Тони Херингтон му покажа црвен картон на Идриса Гана Геј.
Фудбалерто на Евертон во 14-та минута, доби црвен картон, откако тој најпрвин влезе во вербална расправија, а потоа му залепи шлаканица на капитенот на тимот Мајкл Кин.
Геј, по исклучувањето беше многу лит, па целата ситуација мораа да ја смируваат кој голманот Џордан Пикфорд и неговите соиграчи.
Неверојатни сцени на „Олд Трафорд“.
Full clip of Gueye fuming with his own teammate, Keane. pic.twitter.com/JghTuCl7FK
— utdreport (@utdreport) November 24, 2025
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Комо пукна „петарда“ во Торино
Комо продолжува со одлични и атрактивни партии. Во натпреварот од 12-то коло од Серија А, среде Торино со 5:1 ги декласираа „биковите“.
Хит тимот во Серија А, еден од хит тимовите во цела Европа. Така е опишан тимот предводен од Сеск Фабрегас, кој го покажа целиот потенцијал на гостувањето против Торино.
Шоуто го започна 20-годишниот Холанѓанец Џејден Адаи. Тој го постигна водечкиот гол во 36-та минута. Торино успеа да израмни во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме. Стрелец беше Никола Влашиќ.
Комо повторно поведе во 52-та минута, а повторно Адаи беше стрелец. Асистент за двата гола беше неговиот врсник од Шпанија Хесус Родригез.
Уште еден 20-годишник, Јакобо Рамон од Шпанија го зголеми резултатот на 3:1 во 70-та минута. Првата ѕвезда на тимот, 21-годишниот Нико Паз, исто така постигна гол. Асистент за третиот и четвртиот гол беше 22-годишниот Максимо Пероне од Аргентина.
Конечните 5:1 ги постигна во 86-та минута уште еден исклучително млад играч, 22-годишниот Хрват Мартин Батурина.
Спорт
Шок во Милано, Еторе Месина поднесе оставка
Италијанскиот тренер Еторе Месина поднесе оставка од оваа позиција во Олимпија Милано.
Како што објавија италијанските медиуми (Газета), во кошарката таму се случи нешто шокантно – Еторе Месина повеќе не е тренер на Олимпија од Милано, откако реши да поднесе оставка.
Олимпија Милано, лошо ја започнаа сезоната, а минатата недела запишаа три порази (комбинирано во Евролигата и Палаканестро) и 66-годишниот стручњак одлучи да ја напушти тренерската позиција.
Ова не значи дека тој го напушта клубот бидејќи ќе остане во Олимпија како личен советник на претседателот Лео Дел’Ороко.
Во наредниот период, тимот ќе го води Џузепе Пепе Поета, кој потпиша тригодишен договор со Милано ова лето кога дојде од Бреша.
Веднаш беше наведено дека е планиран како замена за Еторе Месина и се чини дека клубот нема да бара друго решение на тренерската позиција.

