Македонија
СДСМ: Ги заборавија граѓаните, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ немаат ниту еден проект
По една и пол година од мандатот, во над 40 општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ речиси и да нема реализиран капитален проект, велат од СДСМ.
„Има само непродуктивно трошење на народните пари, задолжување на општините и поскапи комунални услуги за граѓаните.
Општина Прилеп ќе издаде општинска обврзница од пет милиони евра, за чие враќање со се камати ќе бидат потребни 7,5 милиони евра, пари од граѓаните.
Тоа е последниот пример на задолжување на граѓаните, а претходно тоа го сторија и општините Гевгелија, Аеродром, Гази Баба, Бутел.
Покрај задолжувањата, во време на криза градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ удираат и по џебот на граѓаните.
Прилеп, Охрид, Велес, Зрновци, Штип се само дел од општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ кои драстично ги зголемија цените на комуналните услуги за граѓаните.
Ова е учиникот на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.
Една и пол година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ е една и пол година назадување на општините“, велат од партијата преку нивното соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

