Регион
Ердоган до американскиот амбасадор: Како не ти е срам!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одби дополнителни средби со американскиот амбасадор во Анкара.
Причина за тоа е средбата на американскиот амбасадор со еден од кандидатите на опозицијата на изборите на 14 мај, Кемал Киличдароглу.
Турскиот претседателски кандидат Кемал Киличдароглу на иницијатива на американската страна се сретна со шефот на американската дипломатска мисија Џефри Флејк, изјави претходно неговиот советник за „РИА новости“.
„Амбасадорот на Џозеф Бајден се среќава со Кемал?! Срам да ви е, мисли со својата глава. Ти си амбасадор. Вашиот соговорник во оваа земја е претседателот. Како ќе имаш после лице да дојдеш и да побараш средба со претседателот? Мојата врата за него е затворена, тој веќе не може да влезе“, рекол Ердоган, пренесува весникот „Стар“.
Ердоган смета дека американскиот дипломат мора да знае каде припаѓа.
„Нека научи како треба да работи еден амбасадор. Ако не го знае тоа, не може да ми дојде на врата“, нагласи Ердоган, а пренесува „Раша тудеј Балкан“.
Претседателските и парламентарните избори во Турција се закажани за 14 мај. Главен противник на актуелниот претседател Ердоган – единствениот кандидат на Републиканската алијанса, е кандидатот на опозициската Народна алијанса, Кемал Киличдароглу.
Резултатите од анкетите сè уште не го покажале фаворитот на претстојните избори, но експертите забележуваат дека тоа ќе биде најтешката изборна трка за владејачката партија поради разорните земјотреси, кои однесоа животи на повеќе од 50 илјади луѓе, како и поради тешката економска состојба во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Србија нема да воведе санкции против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и дека ќе се држи до својата сегашна политика, и покрај различните најави од владата.
Вучиќ рече дека граѓаните на Србија поддржуваат таков правец бидејќи тоа е „политика на независна и суверена држава“.
„Ќе продолжиме со нашата политика, која беше принципиелна и која досега се покажа како точна, која никому не му се допаѓаше, ниту на оние на Запад ниту на оние на Исток“, нагласи Вучиќ.
Реакцијата на Вучиќ следи по интервјуто на министерот за европски интеграции Немања Старовиќ за австриската агенција АПА. Старовиќ навести дека Србија може да размисли за усогласување со санкциите на ЕУ против Русија откако нејзиното членство во Унијата ќе стане неизбежно.
Тој објасни дека одбивањето да се воведат санкции произлегува од економска неопходност, а не од политичка лојалност кон Москва.
„Русија воопшто нема да биде погодена, но српската економија ќе биде погодена во огромна мера“, рече Старовиќ.
Сепак, претседателот Вучиќ ги отфрли тие изјави, нарекувајќи ги „невнимателни“.
„Жал ми е што некои од нашите пријатели во руските медиуми едвај чекаат да најдат нешто за кое ќе ја критикуваат Србија. Исто така, жал ми е што имаме многу луѓе на нашата домашна политичка сцена кои би сакале да ги бранат Русите отколку Србија. Морам да ги разочарам, Србија нема да воведе санкции врз Русија“, рече Вучиќ.
Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“: