Црна хроника
Пари од продажба на дрога пронајдени при претреси во Скопје, приведени се 16 лица

Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Скопје, по претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје, по добиени судски наредби, извршија претреси на дом и други простории на 19 локации, при што приведени се 16 лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Пет лица се приведени во врска и со сознанија за друго кривично дело, соопшти МВР.
При претресите пронајдена е поголема сума пари, кои потекнуваат од продажба на дрога, податоци за лица на кои им била продавана дрогата.
По документирање на случаите, лицата ќе бидат предадени на надлежното обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штипјанец принудувал младо момче да се задолжува во друштва за брзи кредити за да му даде 4.500 евра

Уапсен е 28-годишен штипјанец поради сомнеж дека во период девет месеци му се заканувал и присилувал 21-годишник да се задолжува на повеќе места.
Жртвата која истотака е од Штип, била оштетена за сума од 275.000 денари, околу 4.500 евра.
Според информацијата од МВР, во периодот од октомври 2024 до вчера, Ф.Ј. се заканувал на лицето и го присилувал да аплицира во неколку финансиски друштва за брзи кредити, да се задолжува кај трети лица, го принудил да го продаде својот мобилен телефон, а исто така, го принудил да одземе пари и од неговиот татко.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Во Охридското езеро уапсен албански државјанин кој илегално ја поминал границата и незаконски ловел риба

Околу 04.35 часот по полноќ, во водите на Охридското езеро, полицијата го приведе албанскиот државјанин К.С.(47) поради сомнеж за илегално преминување на државната граница и незаконит риболов.
Судија на претходна постапка при основниот суд во Охрид, му одреди мерка „краткотраен притвор“.
„При вршење патролни контролни активности на Охридското езеро, полициските службеници го затекнаа К.С. во неговиот пловен објект во македонските територијални води над населбата „Лагадин“, како врши незаконит риболов во водите на Охридското Езеро со помош на блинкери и по извршен преглед, пронајдени се 22 топки со 110 блинкери и друг риболовен алат кои, заедно со пловилото се одземени“, соопшти МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Топ
Хаос во хотел во Лазарополе: скопјанец фрлал предмети и нападнал сограѓанин

Дваесет и деветгодишен скопјанец, К.Ж. е приведен по инцидент што се случил синоќа во хотел во Лазарополе.
Според информациите од полицијата, тој фрлал разни предмети кон хотелот, оштетувајќи прозор, а потоа физички и со остар предмет го нападнал С.Р.(26) од Скопје.
По проверките било констатирано дека се барал за издржување казна затвор во Шуто Оризари за сторено кривично дело за самовластие.
По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.