Македонија
„Дефиниција, содржина и видови тужба, докази во парничната постапка“: обука за вработените во правниот сектор
Во организација на Стопанската комора, а за потребите на бизнис-заедницата, на 27 април ќе се организира еднодневен семинар на тема: „Дефиниција, содржина и видови тужба, докази во парничната постапка, употреба на вештачењето како доказ во парничната постапка со посебен осврт на работните спорови и нивните појавни облици, процесни правила суштински за работните спорови, постапка по редовни и вонредни правни лекови“.
Семинарот е организиран по принципот тренинг-обука, со цел учесниците преку предавања и практични примери од пракса да се стекнат со нови и да ги унапредат постојните знаења во областа на општиот процесен дел од Законот за парничната постапка и работните спорови, како и да се запознаат со конкретни предизвици, кои се јавуваат во секојдневното практикување на одредбите од законот, употребата на вештачењето како доказ во содржината на член 235 од Законот за парничната постапка, изведување супервештачење како доказ во постапката, како и со особености на работните спорови во нивните појавни облици, повреда на работниот ред и дисциплината и работните обврски на работникот и негова одговорност според одредбите на Законот за работните односи и Законот за административните службеници.
Наменет е за сите вработени во правните служби, адвокатите и правните практичари, кои се инволвирани во судски постапки поврзани со сите области на граѓанското право, со посебен акцент на работните спорови, менаџери во компаниите, управители на друштва, вработени во секторите за управување со човечки ресурси, како и за сите други што сакаат да го усовршат и надградат своето знаење или да го потврдат во делот на работните спорови, како и да се запознаат со измените извршени во 2015 година на Законот за парничната постапка и предлог-законот за парничната постапка, кој е предвидено да биде изгласан во Собранието на Република Северна Македонија низ призма на искуството на двајца правни практичари.
Меѓу предавачите ќе бидат Андреј Димовски, судија во Основниот граѓански суд Скопје. Прв национален судија со остварен продолжен работен престој во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур 2019/2020 година. Продлабочено познавање на судската практика на ЕСЧП во врска со апликација на многубројни членови и прашања поврзани со примена на Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи. 11-годишно искуство како национален судија во областа на граѓанското право, со потесна специјализација во областа на договорното право, правото на надомест на штета (деликтна одговорност, објективна одговорност, граѓанска одговорност за навреда и клевета, надомест на штета од неоправдана осуда и незаконито лишување од слобода), правото на сопственост во сите појавни облици, наследното право. Екстензивно искуство во јавно говорење пред домашен и меѓународен аудиториум. Овластен ментор и предавач на кандидати на почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје. Магистер на науки – фокусиран во областа финансии и финансиско право. Член на повеќе меѓународни организации за соработка од областа на правото и заштита и унапредување на човековите права и основни слободи.
Драган Лазаров, адвокат – партнер во Адвокатска канцеларија „Лазаров“ од Скопје. Магистер по деловно право на Правниот факултет при УКИМ. Работи на граѓанско-правна материја од областа на трговско и деловно право, инвестиции, недвижности, финансово право, трудово право и работни односи. Во својата пракса работи претежно со фирми од државата и странство и има широко практично искуство во деловното работење на трговските друштва. Неговото професионално портфолио опфаќа едни од најголемите домашни и странски инвестиции, како и трансакции.
Последен рок за пријавување е 24 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права
Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права.
Во таа насока, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја презентираше Информацијата за реализираните активности, согласно известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со кое се информира за предлогот на Комисијата за избор на тројца кандидати: Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски.
„По разгледувањето, Владата ја усвои Информацијата, по што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како надлежна институција задолжена за спроведување на административните и техничките активности во постапката, ќе продолжи со обезбедување мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти при Советот на Европа, во однос на исполнувањето на пропишаните критериуми од страна на предложените кандидати“; соопштија од Владата.
По добивањето на мислењето од Меѓународниот советодавен панел, Комисијата ќе ја достави листата со тројца кандидати до Владата, по што конечната листа ќе биде проследена до Парламентарното собрание на Советот на Европа.
фото/Depositphotos
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.

