Македонија
Герасимовски: Нема повеќе чекање за офталмолошки и стоматолошки прегледи за првачиња
Општина Центар и Јавната здравствена установа – Здравствен дом Скопје денес потпишаа меморандум за соработка за реализирање јавноздравствени проекти, кои се од општествен интерес. Партиципација на прегледите е 20 денари. Планот на активности во овој меморандум опфаќа услуги за офталмолошки и стоматолошки прегледи наменети за децата што ќе се запишат во прво одделение во основните училишта во општина Центар во учебната 2023/2024 година. Во Законот за основното образование е предвидено при упис во училиште да се доставуваат и потврди за офталмолошки и стоматолошки прегледи.
Меморандумот за соработка го потпишаа градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, директорот на Здравствениот дом Скопје, Виктор Исјановски, и организацискиот директор Вулнет Селими.
„Намената на овие прегледи е добивање потврди при запишување во прво одделение на децата од големите групи од центарските градинки: ’13 Ноември’, ‘Раде Јовчевски-Корчагин’ и ‘Кочо Рацин’. Со овие прегледи децата добиваат ран скрининг и рана детекција при евентуално оштетување на видот, со што значително може да помогне во третманот доколку е потребен. Освен што раните стоматолошки прегледи го спречуваат добивањето орални болести и дејствуваат превентивно за настанување кариес, исто така значајни се и за едукација на оралното здравје и формирање здрави навики од рана возраст“, изјави Герасимовски.
Општина Центар ги известува родителите дека ќе може да ги однесат своите идни првачиња во Поликлиниката „Букурешт“ веќе од оваа недела. Прегледите за вкупно 571 дете од најголемите групи од центарските градинки ќе траат од 6 до 13 април 2023 година, секој работен ден во периодот од 14 до 19 часот, а во сабота од 8 до 14 часот. За подетаљни информации сите заинтересирани родители може да се јават во Општина Центар на телефонскиот број 075 219-173 и во Поликлиника „Букурешт“ на 02/3064-088. Овој меморандум за соработка е во насока да се унапреди здравствената заштита кај децата во општина Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

