Македонија
Падна пресудата за „Организатори на 27 април“: за Апелација е спорна селективната амнестија
Апелациониот суд Скопје ја укина првостепената пресуда, уважувајќи им ги жалбите на обвинетите во предметот „Организатори на 27 април“ и го врати предметот на повторно судење.
„Поради големиот интерес и транспарентност во работењето, судискиот совет на Апелациониот суд Скопје информира дека при разгледување на првостепената пресуда оцени дека при постапувањето по овој кривичен предмет сторени се суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 1 точка 11 и став 3 од Законот за кривичната постапка, кои придонеле првостепениот суд да не биде во можност правилно да го примени материјалното право – Кривичниот законик.
Ова од причина што првостепениот суд врз основа на расположливиот доказен материјал во недоволна мера ги расправил сите спорни околности и не ги утврдил со сигурност сите решителни факти што го чинат обележјето на кривичното дело и го определуваат неговото дејство на извршување, при утврдување на фактичката состојба не утврдил со сигурност во што се состојат дејствата на секој од обвинетите Т. В., С. Р., М. Ј., сите од С., и В. А. од Д., со привремено престојувалиште во С., преземени во насока на остварување на битието на кривичното дело за кое се обвинети, ако се има предвид дејството на извршување на предметното кривично дело за кое правната теорија и судската пракса се едногласни дека покрај умислата во субјективното битие како субјективен елемент на противправноста, влегува и намерата за загрозување на уставниот поредок или безбедноста на РМ“ се наведува во соопштението.
Се додава и дека првостепениот суд сторил и суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 3 од Законот за кривичната постапка, односно го повредил правото на одбрана на обвинетите, која влијаела врз законитото и правилно донесување на пресудата и врз правото на обвинетите на правично судење бидејќи не го расправил во доволна мера прашањето за одредбите што се однесуваат за амнестија на кривичното гонење.
„ Првостепениот суд не ги утврдил правилно и со сигурност сите решителни факти во однос на преземените процесни дејства, кои го исклучуваат кривичното гонење во смисла на член 416 став 1 точка 3 в. в. со член 113 од Кривичниот законик. Ова од причини што при постапувањето и одлучувањето во предметот првостепениот суд ги занемарил истакнатите приговори како во формална така и во материјална смисла во однос на примената на Законот за амнестијата („Службен весник на РМ“ бр. 233/2018), кој во член 1 став 1 и 2 ги пропишува условите што се однесуваат на лицата поврзани со настаните од 27 април 2017 година за ослободување од кривично гонење, за запирање на поведените постапки и ослободување од издржување на казната затвор“ додаваат од судот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

