Спорт
Просинечки го прашаа за кого би навивал доколку играат Динамо и Звезда
Роберт Просинечки во својата играчка кариера го носеше дресот на Динамо Загреб и белградска Црвена Звезда, а сега одговори на прашањето за кого би навивал доколку се сретнат неговите два поранешни клуба.
„Секогаш сум искрен во животот. Мојот покоен татко се врати од Германија за неговиот син да игра во Динамо. Така е. Поради разни околности неговиот син не играше во Динамо, туку дојде во Црвена звезда. Најдобро е да не играат Звезда и Динамо“, изјави Просинечки.
Просинечки кариерата ја започна во Динамо од кој во 1987 година замина во Звезда со која беше шампион на Европа. Во Динамо се врати во 1997 година, а подоцна беше тренер на белградскиот клуб од 2010 до 2012 година.
Просинечки направи и споредба меѓу Лука Модриќ и Дејан Савиќевиќ.
„Тешко ми е да кажам. Лука е сосема поинаков тип на играч од Дејо. Дејо не беше играч од средниот ред кој играше за тимот, тој ги решаваше проблемите. Тоа е голема разлика. Во модерниот фудбал доминира интелигенцијата на Лука. Малку играчи се толку интелигентини. Тој го препознава проблемот и лесно се извлекува од него. Знае кога да забрза, а кога да успори. Од друга страна, Дејо не можеше да игра еден на еден, туку еден на пет, тоа од Лука нема да го видите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Грилиш на принудна пауза
Еден од најдобрите играчи на Евертон, Џек Грилиш, ќе мора да направи долга пауза.
Како што беше потврдено денес, Грилиш доживеал сериозна повреда на стапалото, поради што го очекува пауза од околу три месеци.
„Денес, Грилиш беше подложен на дополнителни медицински тестови, по што беше утврдено дека има сериозна повреда која бара долга рехабилитација и закрепнување од најмалку 12 недели“, обајави клубот..
Во најдобар случај, Грилиш ќе се врати на теренот во втората половина на април, а дотогаш ќе пропушти голем број натпревари.
Евертон е 10-ти на табелата во Премиер лигата со 32 освоени бода.
Грилиш во најдобар случај ќе се врати на теренот на 18 април кога Евертон ќе го пречека градскиот ривал Ливерпул.
Foto/ depositphotos
Спорт
Тер Штеген во Џирона до крајот на сезоната
Голманот на Барселона и германски репрезентативец, Марк-Андре Тер Штеген, ќе игра на позајмица во Џирона до 30 јуни оваа година, објавија двата шпански клуба.
Според договорот што го постигнаа клубовите, Барселона ќе исплаќа околу 90 отсто од платата на тер Штеген.
Тер Штеген (33) пристигна во Барселона во 2014 година од Борусија Менхенгладбах, а оваа сезона одигра само еден натпревар за тимот од „Ноу Камп“.
Тер Штеген денес го имаше својот прв тренинг со својот нов клуб. Тој бранеше за германската репрезентација на 44 натпревари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Конте: Не сме на нивото на Лигата на шампионите
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека е разочаран од нерешениот резултат против Копенхаген во седмото коло од Лигата на шампионите, објавија денес италијанските медиуми.
Фудбалерите на Копенхаген и Наполи играа вчера во Данска без победник, 1:1. Копенхаген од 35-та минута играше со фудбалер помалку, бидејќи црвен картон доби искусниот Томас Дилејни.
„Ме боли и мора да ги боли моите играчи. Мора да бидеме лути, мора да бидеме разочарани. Имавме во вистински услови за победа и пласман во плејофот. Можеме да имаме илјада изговори, но тие не вредат, бидејќи натпреварот одеше толку добро во тие околности, што мораше да победиме“, рече Конте.
Наполи моментално е на 23-то место на табелата на ЛШ со осум бода.
„Четврти натпревар по ред покажавме дека се мачиме. Имавме целосна контрола, со 11 играчи против 10, па дури и ако ви недостасуваат 10 играчи и се чувствувате уморни, мора да победувате во вакви натпревари. Едноставно – мора. Постои разочарување, бидејќи не успеавме, па затоа е очигледно дека нашето ниво не е соодветно за ова натпреварување во моментов. Имаме само осум бода во Лигата на шампионите, сите мора да ја прифатиме вината. Во оваа ситуација, мора да победите“, нагласи Конте.
Фудбалерите на Наполи ќе го пречекаат Челзи во последното, осмо коло од Лигата на шампионите.
Foto/ depositphotos

