Македонија
Евроамбасадорот Едвард Гир во Дебрца заглави во дебела кал
Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Давид Гир, денешниот ден го мина во целодневна работна посета на општина Дебрца.
Притоа, евроамбасадорот Гир имаше работна средба со градоначалникот Зоран Ногачески и членовите на Советот на Општина Дебрца, по што изврши посета и промоција на дел од претходно реализираните проекти, поддржани и од страна на Европската Унија.
Амбасадорот Гир со своите соработници, имаше повеќе часовна средба и размена на идеи и искуства со претставници на невладиниот сектор.
Теми на интерес беа прашања од доменот на културно-историскиот развој и наследство на оваа историска територија, позната од времето на НОВ во Втората светска војна, при што, како локација, беше одбрано селото Црвена Вода и угостителско-рекреативниот центар “Бела каса”, на 1.25о метри надморска височина.
Исто така, стана збор за неограничените, но, недоволно искористени потенцијали за развој на руралниот туризам, производството на еколошка храна, пчеларството, ловот и риболовот.
За Балканскиот поетски камп “Ванчо Николески”, единствената таква манифестација на овие простори, зборуваше организаторот Веле Митаноски, од Здружението за култура и литература
“Мацково”, кој на гостинот му подари книга поезија и хроника на селото.
Свои искуства, но, и потреби, споделија Ѓоко Зороски од Здружението за екологија и туризам “Еко-Туризам”, Елеонора Велјаноска Пероска од Мрежата на млади фармери “Дебрца”, од селото Мешеишта, Константин Здравески од “Еко мен Лог”, подружница “Дебрца” претставникот на општина Дебрца ,Ангел Секулоски и други.
Сопствениците на комплексот “Бела Каса”, Кате и Васил Граждани, на негово барање, го информираа амбасадорот Гир со развојните планови, објективните потешкотии и пречки, кои се ,пред се, од комунален карактер и непристапност, за што сами се уверија гостите, заглавени во дебела кал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

