Македонија
Левицата: Ги бркаме македонските за да увезуваме странски работници
Според Левицата, работодавците деновиве повторно ја актуализираа идејата за увоз на работна сила од странство, односно од Непал, Бангладеш, Пакистан и од Индонезија, под изговор да преживее економијата.
Оценуваат дека Владата, предводена од „левичарски и европски ориентираните“ СДС И ДУИ, наместо да се фокусира на почитување и спроведување на законите што ги одредуваат работните односи за да ги задоволат профитерските апетити на нивните капиталистички владетели – ќе увезуваат работници од странство.
„Левицата како единствена парламентарна партија на трудот повикува на итно запирање вакви погубни политики за македонскиот работник, кој едвај го преживува месецот. Наместо увезување работници, Владата да се фокусира на подобрување на животниот стандард на македонските работници првенствено преку воведување драконски казни за компаниите што не ги почитуваат веќе постојните работнички права, како и создавање реални политики за вработување на невработеното работоспособно население.
Воедно, потсетуваме дека Левицата во својата програма се залага за:
– Враќање на правото на исплата на патни трошоци и трошоци за исхрана за работниците (патарина + хранарина);
– Воведување прогресивен персонален данок на личен доход (плата, хонорар и сл., наместо сегашниот рамен данок – со цел богатите да плаќаат повеќе од сиромашните;
– Особен ангажман Државниот инспекторат за труд (ДИТ) да обезбеди доследно почитување на законските норми за работничките права“, се додава нивното соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

