Црна хроника
Маж почина кога трактор на кој се возел излетал од патот
73-годишен маж од Радовиш починал кога трактор на кој се возел излетал од патот.
Според полицијата, вчера, во 11 часот, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на земјен шумски пат во атарот на селото Козбунар, Радовишко, Л. К. (73) од село Штурово, Радовишко, управувајќи трактор „имт“ со приколка, со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Од добиените повреди сопатникот Ј. А. (73) од Радовиш починал на самото место, смрт констатирал лекар од Здравствениот дом Радовиш, а возачот Л. К., поради добиените повреди, бил пренесен на лекување во комплекс клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Играл на апарати и потрошил 50.000 денари од прометот: кривична за вработен во обложувалница во Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И. (31) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
На 17.07.2024 во спортска обложувалница, во која пријавениот бил вработен, играл на апарати, при што потрошил 50.000 денари од прометот.
Црна хроника
Ја претепал неговата партнерка и ја врзал: семејно насилство во Гостиварско
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.Н.(29) од с.Градец.
Тој според полицијата се сомничи за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“ во врска со семејно насилство.
Имено на 27.07.2024 во неговата куќа во гостиварско, пријавениот физички ја нападнал неговата 25 – годишна партнерка ѝ ги одзел мобилниот телефон и патната исправа и ја врзал.
Црна хроника
Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години
Околу 14.10 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(50) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 2 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.