Спорт
Синот на Анчелоти го напушта Реал, ја прифатил понудата од Базел

Синот на Карло Анчелоти, Давиде, ќе го преземе трофејниот швајцарски клуб, Базел. Давиде Анчелоти долги години е прв асистент на Карло.
Познавачите на приликите во тренерскиот свет велат дека синот на големиот Карло Анчелоти, е вистински наследник на својот татко и дека е одличен тактичар, аналитичар и има одличен однос со играчите.
„Марка“, пренесува дека е подготвен да започне самостојна тренерска кариера, а покана добил од Базел.
Давиде Анчелоти има само 33 години и јасно е дека е на самиот почеток на кариерата, а Базел звучи како голем предизвик, но и вистински чекор, бидејќи не е една од најсилните европски лиги.
Анчелоти јуниор немаше забележителна играчка кариера, иако беше во помладите категории на Милан, но реално, само затоа што неговиот татко во тој период беше на клупата на „росонерите“.
Она што е особено интересно е тоа што тој е помошник на својот татко од неговата 27. година. Занаетот го учеше во Баерн Минхен, Наполи, Евертон и на крајот во Реал Мадрид, што значи дека веќе има работено во најсилните европски лиги како асистент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
НБА шампион пристигна во Басконија

Гвинејскиот кошаркар Мамади Диаките потпиша двегодишен договор со Басконија.
Во НБА, тој играше за Милвоки, Оклахома, Кливленд, Сан Антонио и Њујорк. Стана НБА шампион со Милвоки Бакс во 2021 година.
Дијаките ја помина минатата сезона во Вели Санс, филијалата на феникс во развојната НБА лига. Имаше просек од 13,6 поени, 8,4 скока и 2,2 асистенции по натпревар.
Кошаркарите на Басконија ќе го пречекаат Олимпијакос во првото коло од Евролигата на 30 септември.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Едерсон сака да го напушти Манчестер сити

Бразилецот Едерсон по осум години е подготвен да го напушти Манчестер сити. Сериозен интерес за него покажа Галатасарај. Челниците на турскиот првак испратија понуда од 10 милиони евра, но Манчестер Сити сè уште не ја прифатил.
Англискиот шампион го држи турскиот клуб во неизвесност бидејќи бара поголема отштета, па затоа сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите.
Од друга страна, Едерсон и Галатасарај целосно се согласиле, бразилскиот голман сака трансфер и е подготвен веднаш да ги заврши лекарските прегледи, тврди германскиот новинар Флоријан Плетенберг.
Едерсон е во клубот од Манчестер во последните осум години. Тој има 372 настапи,, со клубот освоил 18 трофеи.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Санчо ја одби Рома

Џејдон Санчо нема да ја продолжи кариерата во Рома, пишува „Скај Спортс“.
Италијанскиот клуб испрати понуда од 23,6 милиони евра за напаѓачот на Манчестер jунајтед, а Санчо во меѓувреме разговарал и со Римјаните. Сепак, тој одлучил дека сака да истражи други опции.
Како што објави „Скај Спортс“, одлуката не е поврзана со личните услови. Неколку клубови сè уште се заинтересирани за Санчо, меѓу кои се издвојува Борусија Дортмунд.