Македонија
Рустеми: Пред 30 години, кога бев студент од Тетово, до Тирана патувавме 12-14 часа, во 2028 овој пат ќе се вози за два часа
Почетокот на изградбата на делницата Тетово – Гостивар од Коридорот 8 го потсети директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, на неговите студентски денови во Тирана. Додека во публиката седеа премиерот Димитар Ковачевски, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, американската амбасадорка, Анџела Агелер, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Собранието, Талат Џафери, претставници од конзорциумот „Бехтел и Енка“, како и многу други политичари и претставници на разни компании, Рустеми од говорницата опиша како се чувствува.
„Сакам со вас да го споделам чувството на кое се сетив што го имав пред 30 години, тогаш кога јас бев студент во Тирана. Заедно со другите студенти, мои пријатели, патувавме од Тетово до Тирана 12-14 часа. Денеска, овој пат ќе го изодиме за пет или шест часа. Потпишувањето на овој договор за мене претставува огромно задоволство бидејќи во 2028 година овој пат ќе се извози за само два часа“, рече директорот Рустеми.
Тој очекува за четири години и шест месеци „Бехтел и Енка“ да изградат 110 километри патишта, со што Македонија ќе стане вистинска раскрсница во регионот.
И премиерот Димитар Ковачевски на сличен начин го опиша значењето на Коридорот 8.
„Првпат како држава се поврзуваме исток-запад и добиваме излез на две нови пристаништа, Драч и Бургас. Ако досега државата беше кружен тек, сега станува вистинска раскрсница на Балканот“, рече премиерот Ковачевски.
Според него, оваа Влада не се занимава со калкулации со ситни политички поени, туку ги решава крупните проблеми напластени со децении, кои се за јавне интерес.

По говорите, премиерот Ковачевски и амбасадорката Агелер открија информативна табла за камен-темелникот на Коридорот 8
На свеченоста за почеток на изградбата на Коридорот 8 зборуваше и американската амбасадорка, Анџела Агелер. Таа на македонски јазик рече дека ова е посебен ден за Македонија и дека се чувствува почестена што е дел токму од таа пригода.
„Ова е повеќе од едена обична инвестиција во патишта, ова е инвестиција во иднината на Македонија и на сите земји поврзани со Коридорот 8“, рече амбасадорката Агелер.
На свеченоста зборуваше и лидерот на ДУИ и пратеник во Собранието, Али Ахмети.
„Да поставиш мостови меѓу целиот Балкан е многу благородна работа. Ова е чудото. Сакам да им честитам и да им посакам здравје и успеси на ‘Бехтел и Енка’ што побргу да се заврши нивната програма според агендата што ја имаат“, рече Ахмети.
По говорите, премиерот Ковачевски и амбасадорката Агелер открија информативна табла за камен-темелникот на Коридорот 8.
Делницата Тетово – Гостивар е долга 17,5 километри, а според најавите, нејзината изградба ќе чини 125 милиони евра. Таа е само една од четирите делници со вкупна должина од 110 километри, кои „Бехтел и Енка“ треба да ги изградат за 1,3 милијарда евра во рок од четири години. Другите три делници се Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Со Мицкоски Македонија е во ранг со Сомалија, САД ја запре обработката на визи“, велат од СДСМ
„Македонија е опфатена во одлуката на САД за суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран, Русија…“, велат од СДСМ.
„Минатата година САД ги зголеми царините кон Македонија, сега од 21 јануари САД ќе биде суспендира и обработка на визи за македонските државјани.
Толку е периметарот на Мицкоски, ја доведе Македонија во ранг со Сомалија“, соопшти СДСМ.
Македонија
Фактот што Македонија е ставена на иста листа со Судан и Сомалија е длабоко поразителен и алармантен сигнал, смета Македонски концепт
Губењето на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави претставува сериозна и потенцијално смртоносна закана за безбедноста, стабилноста и иднината на Република Македонија и македонскиот народ. За мала држава во чувствителен геополитички регион, ваквото нарушување на односите со клучниот стратешки сојузник значи институционална изолација, економска несигурност и директно слабеење на националната безбедност, велат од Македонски концепт.
Според нив, фактот што Македонија е ставена на иста листа со држави како Судан и Сомалија е длабоко поразителен и алармантен сигнал.
„Тоа не е случајност, туку последица на долгогодишна толеранција, па дури и институционална пасивност кон два опасни феномени: растечкиот верски радикализам на македонска територија и широко распространетото прокомунистичко и антизападно однесување и наратив во јавниот простор“, велат од Македонски концепт.
Од таму велат дека овие појави се директно спротивни на вредностите на НАТО, на западната цивилизација и на принципите врз кои се темели стратешкото партнерство со САД.
„Потребни се итни, проактивни и недвосмислени државни мерки, без калкулации и без идеолошки страв: забрана на носење бурки и верски манифестации во сите јавни институции, во име на безбедноста, секуларноста и јавниот ред; донесување посебен закон за спречување и санкционирање на верскиот радикализам и донесување закон за забрана на комунистичката идеологија, нејзините симболи и тоталитарното наследство, како идеологија која историски и суштински е спротивна на слободата, демократијата и западниот вредносен систем“, се наведува во соопштението.
Паралелно со внатрешните реформи, велат од Македонски концепт, Република Македонија мора да упати формален и аргументиран приговор до Соединетите Американски Држави за штетите предизвикани со ставањето на земјата на ваква листа.
„Како полноправна членка на НАТО, Македонија има право да се повика на Договорот за стратешко партнерство, со јасно барање истиот да се почитува и земјата веднаш да биде отстранета од таа листа. Македонија мора да избере, или ќе биде јасен и вредносно усогласен сојузник на САД, или ќе продолжи да тоне во сива зона на радикализам, идеолошки анахронизам и меѓународна недоверба. Среден пат, нема“, велат од Македонски концепт.
Македонија
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најстудено било во Берово кадешто се измерени -6 степени, -5 било во Скопје-Петровец, Струмица и Демир Капија, -4 во Битола, Велес, Штип, Кавардарци, Попова Шапка, -3 во Прилеп, -2 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, -1 Kрушево Претор, Куманово, 0 Крива Паланка, Виница.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 25 сантиметри на Попова Шапка, 10 сантиметри во Маврови Анови и Крушево.
Времето денеска
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

