Свет
Конгресмени со порака до Бајден: „Не ги вовлекувајте САД во војна, до гуша сме во кал“
Американските конгресмени незадоволни од политиката на земјата во однос на војната во Украина. Тие го повикаа претседателот Бајден да престане да се меша и да ги вовлекува САД во војната.
Конгресменот Мет Гец го повика Бајден тврди дека доколку ескалацијата продолжи, „бројот на изгубени долари ќе се претвори во број на загинати Американци“.
Конгресменката Марџори Тејлор Грин пак го повика Вашингтон да придонесе за решавање на украинскиот конфликт, а не да му доставува оружје на режимот во Киев.
„ САД треба да бараат мир во Украина a нe да финансираат прокси војна против Русија. Не можеме да си дозволиме нов конфликт на територијата на друга земја“, изјави Грин за Си-Би-Ес, додавајќи дека претседателот Бајден рекол дека ќе ги преземе сите неопходни чекори за да ја заштити Украина, иако таа не е земја на НАТО.
Исто така, конгресменката нагласи дека „Украина не е ни 51-та држава на САД“.
„ Не се работи за тоа што е добро, а што не во Украина, бидејќи ние сме Соединетите Американски Држави… до врат сме во кал. Имаме долг од 31 милијарда долари. Не ги браниме своите граници. Ги игнорираме проблемите на нашиот народ“, истакна таа. Марџори Тејлор Грин, која претходно го обвини Бајден дека е повеќе загрижен за испораката на оружје во Украина отколку за безбедноста на американските ученици.
Конгресменот Пол Госар се приклучи на барањето да се прекине воената помош за Киев, нарекувајќи го американското мешање во руско-украинскиот конфликт катастрофа.
Biden and the cabal behind him are losing the PR battle on the war in Ukraine. Americans are sick and tired of the endless money going everywhere except to our own border and our own communities.
Foreign aid and foreign entanglements must end.
Put Americans First.
— Rep. Paul Gosar, DDS (@RepGosar) March 29, 2023
„ На Американците им е смачено од бескрајните пари што одат насекаде, освен во нашата сопствена граница и нашите заедници. Странската помош и странските заплетки мора да завршат. Ставете ги Американците на прво место“ напиша Госар на Твитер.
„ Американската интервенција во војната меѓу Русија и Украина стана епска катастрофа, што резултира со смрт на стотици и илјадници луѓе, и воени и цивилни. Секој ден без мир е нов ден што ја загрозува кревката безбедност во која уживаше светот со децении без закана од разорните ефекти на нуклеарното оружје“, додава Госар.
Тој вели дека Америка досега потрошила 100 милијарди долари во војување на прокси војна во која не ѝ е место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

