Македонија
(Видео) Судењето на Жан Митрев вторпат одложено, со фотографии од починатите и транспаренти пречекан пред судот

Со фотографии од починатите пациенти од Клиниката „Жан Митрев“ и транспаренти, на кои го обвинуваат за профитерство, семејствата на починатите го чекаа кардиохирургот утрово пред Кривичниот суд. Судењето и денес не почна. Судијката го одложи затоа што предметот е во Апелација по жалба од одбраната за замрзнувањето на сметките. Ново рочиште закажа за 12 мај. Сметките на Жан Митрев и на правното лице беа замрзнати пред првото закажано рочиште за да се обезбеди предјавеното имотно-правно побарување на оштетените.
И првото рочиште, кое требаше да се одржи на 28 февруари, беше одложено на барање на одбраната со објаснување дека им треба време да го доекипираат тимот. Добија рок до денес да ја подготват одбраната.
Семејствата на починатите носеа транспаренти, на кои стоеше: „Хемофилтрациите ги убија нашите најмили, бараме одговорност“, „Убиј стотина луѓе, собери 97,5 милиони и купи си слобода за еден милион“, „Нашите најмили починати за него беа само колатерална штета од 1 милион залог за слобода“, „Профитер на грбот на болните од Ковид-19“… Кога Жан Митрев се појави пред судот, тие скандираа „Правда, правда“ и го исвиркаа. Кардиохирургот Митрев воопшто не реагира на скандирањата и свиркања, ги одмина и си влезе во судот.
Набргу реакција стигна од маркетинг-службата на Клиничката болница „Жан Митрев“ со обвинување за организирана хајка против кардиохирургот.
„Организирање луѓе со транспарентни, кои повикуваат на линч, создаваат атмосфера како сè да е веќе решено, е најостро рушење на правдата и одземање на правото да се докажат невиноста и вистината. Ова не е правно оружје и на ваков начин се спречува вистината. Ако процесот против д-р Жан Митрев и Клиниката ‘Жан Митрев’ е непристрасен, фер и без влијание, тогаш каде е презумцијата на невиност и зошто се води организирана хајка“, стои во соопштението од Клиничката болница „Жан Митрев“.
Жан Митрев и неговата клиника се товарат за измама оти ги држеле во заблуда пациентите со прикривање факти во однос на лекувањето од Ковид-19 со хемофилтрации.
Истрагата за Жан Митрев и неговата болница беше отворена по допрен глас откога Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) го објави истражувањето „Нечиста крв“ за пациентите од болницата, а Скопското јавно обвинителство во јануари годинава поднесе обвинение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче од Гевгелија: Државата не е пи-ар агенција на Мицкоски, на народот му е потребна вистинска помош

Ниту сме шести во Европа по раст на платите, ниту скандинавски живееме, годишната инфлација не паѓа, таа е 4%, народот живее тешко и тоа е факт, порача вечерва претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ која се одржа во Гевгелија.
„Годишната инфлација е 4%. И тоа е факт. Ама излегува денеска податок за септември, цитирам од месец на месец се намалила инфлацијата -0,2%. Со статистички финти и спинови се обидуваат да ги убедат луѓето дека се како што треба. Па народот знае дека тоа не е вистина, секој ден во маркет, на пазар во продавница, граѓаните знаат колку чини млекото, лебот, знаат колку тешко живеат“, рече Филипче.
Филипче потенцираше дека граѓаните ја изгубиле вербата затоа што власта не испорачала резултати кои ги ветувала и ја повика владата конечно да, како што рече, престанат да лажат тука да преземат нешто и го подобрат стандардот за да може народот нормално да живее.
„Народот не живее од статистички финти и бројки. Престанете да лажете и земете нешто направете. Државата, Владата не е тоа пи-ар агенција на Мицкоски. На народот му е потребна вистинска помош“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ, Филипче, рече дека економијата е во колапс, индустријата опаѓа, малите бизниси се борат за опстанок, земјоделците се пред банкрот, додека работниците немаат со што да го дочекаат крајот на месецот. „Но тука се и лекарите, наставниците, пензионерите кои сите се оставени сами на себе“, рече Филипче.
Македонија
Српски медиуми го објавија идентитетот на Македонецот кој загина во експлозијата во Белград

Македонскиот државјанин Мартин Сипковски (21), модел по професија, е убиен во експлозијата што се случи минатата недела во стан на улицата Косовска во центарот на Белград, дознава Курир.рс.
Вишото јавно обвинителство во Белград го сослуша Филип В. (26) во врска со експлозијата во која загина Сипковски под сомнение дека на 30 септември нелегално го стекнал, а потоа го носел експлозивот „пентрит“, кој го предал на државјанин на Северна Македонија на аголот од улиците Косовска и Нушиќева истиот ден.
Курир.рс објавува дека Мартин Сипковски, како што е утврдено од досегашната истрага, следниот ден, 1 октомври, околу 21:45 часот, несмасно го активирал експлозивот и починал на самото место.
„По обдукцијата, беше идентификувано дека починатиот е Мартин Сипковски, државјанин на Северна Македонија, кој, според неофицијални информации, немал криминално досие. Сè уште не е познато како завршил во мафијашките кругови, со оглед на тоа што, според познаници, тој бил модел кој си направил добро име на турскиот пазар и направил голем напредок на модната писта“, рекол изворот за Курир.рс.
Експлозивната направа наводно била подготвена за убиство на човек со криминално досие, кој е поврзан и со навивачки групи.
Истрагата што ја води надлежното Вишо јавно обвинителство во Белград сè уште е во тек.
Македонија
Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот народен митинг во Маврово-Ростуше, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!
Мицкоски зборуваше за политичките опоненти за локалните избори кои се ближат и истакна дека коалицијата СДСМ, ДУИ, Левица ги врзува желбата за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ тврдат дека се борат за нивниот дом, според нивниот слоган за изборната кампања, но не се знае за кој точно дом зборуваат дали оној на Халкидики ли оној во Дубаи, додека ДУИ зборува за теми од пред неколку децении, наместо за иднината. На овие избори имаме две опции. Секој кој што мисли дека има трета опција се лаже. Нема трета опција. Едната опција се една коалиција. која што во некои од општините делува формално, односно јасно е профилирана, во некои од општините е полуилегална или би рекол неформална. А, во некои од општините делува повеќе стихидно. Но, во суштина, се заедно и нив ги поврзаа две работи на овие локални избори“, рече Мицкоски.
Според Мицкоски, опозициските СДСМ, ДУИ и Левица, на овие избори ги врзува желбата за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ.
,,Нив ги поврза најпрво желбата за власт, силна желба за власт и втората работа е голема омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се двете работи коишто коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица ги собра заедно да ни бидат противници на овие политички локални избори“, истакна Мицкоски.
Мицкоски истакна дека политичката партија СДСМ, имала можност 7 години да се бори за нивниот дом, како што вели и нивниот слоган за изборната кампања за локалните избори годинава, но освен жестоки грабежи и предавства, како што рече, ништо друго не испорачале додека биле власт.
,,Оваа коалиција, ако се вратиме назад имаше можности. Еден субјект во оваа коалиција тоа е да настапува со слоганот “Да се бореле за домот“. Тие имаа 7 години можности да се борат за својот дом, наречен нашата татковина Македонија. Освен жесток грабеж, предавство и понижување на македонскиот народ, на граѓаните во Македонија, на Македонија како држава буквално ништо друго, ниту испорачаа, ниту направија“, кажа Мицкоски и додаде:
,,Затоа сега се прашуваме, на кој дом мислат, дали мислат можеби на онаа вила на егејското крајбрежје, на Халкидики, дали мислат на хациендата во Дубаи, или пак мислат на оние скапи глисери коишто ги видовме летоска како уживаат, во еден раскошен елемент. Граѓаните се збунети. И не знаат сега конкретно за кој дом зборуваат. Секоја нивна порака е порака исполнета со лага, порака исполнета со невистина, порака исполнета со црна кампања, ад хоминем напади, ниски страсти. Така впрочем тие ја водат целата кампања“.
Мицкоски рече дека лидерот на ДУИ имал повеќе од две децении можност да направи било што за граѓаните, и според Мицкоски, тој не успеал да испорача ништо освен да придонесе за иселување на граѓаните од земјата.
,,Тој имаше повеќе од две децении можност да направи, за граѓаните, но и еве и за народот албанскиот народ којшто го гласа најчесто него и неговата политичка партија. А што направи за возврат. Пред очи гледаше како се празнат селата, тоа е веќе стара вест, сега се празнат градовите. Повеќе од 100-тина илјади негови граѓани се иселија. Залудни се хациендите во Зајас, залудни се замоците во Зајас. Затоа што соседите ги нема“, заклучи Мицкоски.