Спорт
Хаос на Феенорд-Ајакс – на Класен му ја дупнаа главата, тепачка на капитените, чад…
Холандското дерби меѓу Феенорд и Ајакс секогаш носи нервоза и многу проблеми, како што се покажа на вечерашниот дуел од полуфиналето на КНВБ купот, каде што имаше два прекини.
Прво дојде краткиот прекин поради чадот од пиротехничките материјали на тимот од Ротердам, но тоа беше најмал проблем. Во 62. минута по расправијата помеѓу капитените на двата клуба, Душан Тадиќ и Орхан Кокчу, од трибините почнаа да летаат предмети од кои еден заврши во главата на Дејви Класен по што судијата пак го прекина мечот.
Ајакс поведе во 14. минута со голот на Тадиќ, Хименез израмни за Феенорд во 45. минута, за токму Класен да го даде водечкиот гол за гостите во 51. минута. Мечот подоцна, по консултациите на двата клуба, беше продолжен.
There seems to be crowd issues in Dutch football every week.
This time, Feyenoord-Ajax clash suspended after Klassen was left bloodied by an object thrown from the stands.#derklassieker
— Sacha Pisani (@Sachk0) April 5, 2023
Maar het gezeik begint wel op het veld. De aanvoerders met de koppen tegen elkaar en Tadic met typische gebaartjes. Gebaart ‘ie naar Kokcu iets over ‘knielen’ en ‘eten’? pic.twitter.com/Lq7JuKlfLn
— Eric van der Palen (@ericvanderpalen) April 5, 2023
🇳🇱🤯 The Feyenoord-Ajax game was temporarily suspended due to smoke! pic.twitter.com/aATtjEniMD
— EuroFoot (@eurofootcom) April 5, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јуриќ во една година три пати добил отказ
Иван Јуриќ очекувано доби отказ во Аталанта. Човекот кој забележа многу добри резултати на клупите на Верона и Торино помеѓу 2019 и 2024 година е во низа што ретко се гледа во врвниот спорт.
Хрватот беше отпуштен од Аталанта денес, точно на годишнината од неговото отпуштање од Рома (10 ноември 2024 година), а во меѓувреме беше назначен за тренер и отпуштен од Саутемптон.
Јуриќ ја водеше Рома 12 пати, Саутемптон 16 и Аталанта 15 пати пред шефовите да му се заблагодарат за соработката. За споредба, тој има 122 натпревари на клупата во Торино и 79 пред тоа во Верона.
Јуриќ го напушта клубот со резултат 4-8-3 и просек од 1,33 поени по натпревар. Ако на Ла Деа и се избришат резултатите од Лигата на шампионите, резултатот е уште подраматичен.
Аталанта ја остави на 13-то место на табелата во Серија А со резултат од 2-7-2.
Спорт
Се повреди Тибо Куртоа
Еден од најдобрите во Реал Мадрид, голманот Тибо Куртоа, претрпе повреда која ќе ги пропушти квалификациите за Светското првенство со Белгија.
Станува збор за повреда на примачот, и сè уште не е познато колку е сериозна или колку долго Куртоа ќе отсуствува.
Дефинитивно е јасно дека тој нема да биде достапен за селекцијата на Белгија во квалификациските натпревари за Светското првенство против Казахстан и Лихтенштајн.
Куртоа е еден од најдобрите голмани во светот со години. Во последно време, тој е еден од најважните играчи за Реал Мадрид, особено во овој период на мини-криза кога загубија од Ливерпул во Лигата на шампионите и одиграа само 0:0 против Рајо Ваљекано.
Оваа сезона, Куртоа не пропушти ниту една минута во дресот на Реал и белгиската репрезентација.
Спорт
Дешан негира дека добил понуди од Јувентус и Бразил
Селекторот на Франција, Дидие Дешан, потврди дека ги напушта „Триколорите“ по Светското првенство во 2026 година, но сè уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата потоа.
Дешан потврди дека разговарал со претставници на саудиски клуб за можна соработка откако ќе му истече договорот со француската репрезентација. Сепак, тој ги негираше гласините за можно враќање во Јувентус или преземање на бразилската репрезентација.
„Можеби имав некои контакти, не конкретно со нив (Бразил). Нема да зборувам за имиња, но тие ја знаат мојата ситуација“, рече Дешан.
Селекторот на Франција, исто така, нагласи дека неговата одлука да го напушти кормилото на „Триколорите“ на крајот од Светското првенство во 2026 година е конечна, без оглед на тоа каков резултат ќе постигнат Французите на Мундијалот.
Овој 57-годишен тренер ги предводи Французите од 2012 година. Под негово водство, „Триколорите“ станаа светски шампиони во 2018 година во Русија. Пред Франција, тој тренираше само три други клуба: Монако, Јувентус и Олимпик Марсеј и освои трофеи со секој од нив.
Како фудбалер, Дешан играше за Нант, Бордо, Олимпик Марсеј, Јувентус, Челзи и Валенсија. Тој освои 15 трофеи, вклучувајќи две Лиги на шампиони со Марсеј (1993) и Јувентус (1996).

