Свет
(Видео) Путин е параноичен: на големо растојание одржа говор пред дипломатите, немаше аплауз

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со Советот за безбедност на Русија за да именува 17 нови амбасадори на САД и ЕУ.
Тој за време на говорот стоеше на 20-ина метри од дипломатите, што покажува дека рускиот претседател продолжува да живее во бункер поради стравот од Ковид-19. Путин рече дека не може да се сретне со пратениците поради „санитарни ограничувања“.
„За жал, нашата церемонија е при крај. Бидејќи санитарните ограничувања сè уште се во сила, нема да можеме да разговараме лице в лице. Но, сигурен сум дека ќе ја имаме оваа можност повеќе од еднаш за време на вашиот престој овде. Ви посакувам сè најдобро“, им порача тој од далеку.
Она што беше забележливо е дека никој не му аплаудира на крајот од говорот. На церемонијата на акредитација присуствуваа Роланд Галараг, претставник на ЕУ, како и новите амбасадори на земјите од НАТО, Норвешка и Данска.
Foreign ambassadors presented their credentials to Putin today.
He did not meet them personally afterwards, citing “sanitary restriction”. pic.twitter.com/9jOPWgRT7q
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) April 5, 2023
Меѓу другите делегати беше и американската амбасадорка во Русија, Лин Трејси, првата жена на оваа функција од нејзиното назначување минатиот декември.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, нагласи дека Путин нема намера да има посебна церемонија со американската амбасадорка.
„Односите меѓу Русија и САД, од кои директно зависат глобалната безбедност и стабилноста, се во длабока криза“, ѝ порача Путин на Трејси.
Тој живееше под строг личен карантин во последните четири години, па затоа се вели дека Путин „патолошки се плаши за својот живот“.
Глеб Каракулов (35), кој служеше како капетан во Федералната служба за безбедност (ФСО), рече дека Путин станал осаменик исплашен до смрт од коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
САД и ЕУ имаат 18 месеци да се подготват за можен вооружен конфликт со Кина и Русија, кажа командант на НАТО

Врховниот командант на НАТО во Европа, генерал Алексус Гринкевич, процени дека САД и Европската Унија имаат година и пол да се подготват за потенцијален глобален вооружен конфликт со Кина и Русија.
Тој додаде дека верува оти Пекинг и Москва би можеле да нападнат истовремено и координирано, пренесува „Билд“.
– Она што кинескиот лидер Си Џинпинг веројатно ќе го направи пред да одлучи да преземе воена акција против Тајван е да му се јави на својот пријател Путин и да го замоли за помош. Тоа за мене значи дека обете работи би можеле да се случат истовремено – рече Гринкевич за време на конференцијата за одбрана во Висбаден, Германија, каде што се наоѓа Командата на НАТО за безбедносна помош и обука на вооружените сили на Украина.
Тој додаде дека 2027 година би можела да биде „потенцијална кризна година“.
– Ќе ни треба секое оружје, опрема и муниција што можеме да ја набавиме за да бидеме подготвени – нагласи командантот на НАТО.
Според германскиот весник, во владините кругови во Берлин расте стравот дека Русија наскоро би можела да нападне една од помалите земји-членки на НАТО, бидејќи се очекува земјите од Алијансата да постигнат сериозни одбранбени способности дури во 2029 година.
Според „Билд“, некои министри во владата на Фридрих Мерц очекуваат дека руска воена провокација би можела да се случи во 2027 година.
Свет
Авион принудно слетал во САД поради обид на патник да ја отвори вратата

Авион на линијата Омаха-Детроит во САД мораше да изврши итно слетување во Ајова поради патник кој се обидел да ја отвори вратата за време на летот.
Откако полицијата го уапсила, кај него пронашла 41 таблета од лекот „Ксанакс“.
Инцидентот се случил во среда навечер по локално време, за време на летот на авионот на „Скај Вест ерлајнс“, кој извршил итно слетување во Сидар Рапидс, во државата Ајова, објави Си-Ен-Ен.
Патникот кој се обидел да ја отвори вратата претходно се скарал со стјуардесата, според пилотот.
Авионот слета безбедно, а на видео објавено на социјалните мрежи може да се види како полицијата го вади патникот со лисици од авионот.
Свет
18 загинати и 40 исчезнати откако туристички брод се преврте во Виетнам

Најмалку 18 лица загинаа, а околу 40 се водат како исчезнати откако туристички брод се преврте во заливот Ха Лонг во Виетнам, објавија денес локалните медиуми.
Бродот, кој превезувал повеќе од 50 патници, се превртел поради ненадеен силен дожд што го погодил за време на посетите на местата на светското наследство на УНЕСКО, објави порталот „Ден Три“.
Граничните полицајци спасија 12 лица и пронајдоа 18 тела“, објавува порталот „ВНекспрес“.
Покраинските власти објавија дека ги пронашле телата на тројца виетнамски државјани и спасиле десет лица, како и дека потрагата по исчезнатите сè уште е во тек.
Околу 30 бродови потонаа во заливот Ха Лонг минатата година откако беа погодени од тајфунот Јаги.
Заливот го посетуваат милиони луѓе секоја година и е една од најпопуларните туристички дестинации во Виетнам, позната по сино-зелената вода и варовничките острови со тропски шуми.