Контакт

Македонија

(Видео) Лефков: Груби со одлука на Владата отуѓува државно земјиште за сопругата на Ковачевски за изградба на фотоволтаици

Објавено пред

Додека оди во маркети и замрзнува цени на јајца и зеленчук, кои никако да замрзнат, семејството Ковачевски го зголемува своето богатство преку влез во доходовни бизниси, истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

За да се стекне со голем и вреден имот, сопругата на Ковачевски, вели Лефков, влегува во односи со Владата, со која управува нејзиниот сопруг Димитар Ковачевски.

Со оваа одлука, како што појаснува, се отуѓува градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, на друштвото за производство и продажба „Сол груп 5“ ДОО Скопје.

„Со овие зборови почнува одлуката со која Владата ѝ продава 1.119 м2 државно земјиште на фирмата на сопругата на Ковачевски. Оваа одлука е објавена во ‘Службен весник’ од 21 март оваа година, а донесена 7 дена претходно, односно на 14 март, на седница на Владата. Еве ја одлуката на Владата, а еве го и потписот на Артан Груби, кој се јавува како потписник во име на Владата“, додава Лефков.

Според него, одлуката на Владата, со која сопругата на Ковачевски добива државно земјиште додека Ковачевски е премиер, е доказ колку власта е забегана и дека не ја интересира ништо, освен сопствениот интерес и интересот на нивните семејства, кои шират бизнис додека тие се на власт. Ова е доказ, како што оценува, дека власта на СДС и ДУИ мора да си замине зашто државата, како што истакна, не смее да биде алатка за богатење на неколку семејства во врвот на власта. Потребни се промени.

Македонија

Пецаков: Охрид не само што ќе изгледа поинаку туку ќе има и многу подобри услови за сите жители и за сите туристи

Објавено пред

Од

Кирил Пецаков го почнува вториот мандат како градоначалник на Охрид. Тој најави дека Охрид не само што ќе изгледа поинаку, туку ќе има и многу подобри услови за сите жители и сите туристи

dobivaj vesti na viber

„За мене е голема обврска и чест да продолжиме заедно по патот на успехот и да работиме за подобра иднина за нашите поколенија. ‎Реализиравме многу проекти кои што значат за Охрид и стратешки го менуваат, а така продолжуваме и во вториот мандат. Имаме 10 нови капитални проекти на кои ќе се надополни и финиширањето на четири проекти, кои беа ветени во претходниот мандат. Станува збор за сериозна промена на сето она што ние го перцепираме во Охрид, првично за охриѓани и за сите оние кои што доаѓаат и уживаат во неговите убавини. ‎Пред нас следува инвестициски период кој верувам дека ќе заврши успешно, односно за многу работи за кои што охриѓани разговарале, побарувале и било како насушна потреба во изнинативе 30 години, ќе се остварат, ќе се завршат и сметам дека Охрид не само што ќе изгледа поинаку, ќе има и многу подобри услови за сите жители и сите туристи кои го посетуваат“, рече Пецаков.

Прикажи повеќе...

Македонија

Новата градинка во Бутел 2 ќе згрижува 200 деца

Објавено пред

Од

Градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во градежните активности за изградба на нова детска градинка во Бутел 2.

dobivaj vesti na viber

„Градежните активности напредуваат со одлична динамика. Стариот објект кој беше изграден во далечната 1964 години е срушен и на негово место локалната самоуправа гради нова детска градинка на површина од 1800 м2. Новиот објект ќе има 3 влеза, 7 занимални со 7 спални соби, 2 занимални со заеднички спални соби и една просторија за јасли. Покрај тоа, во новата градинка ќе има и посебна просторија за изолација и медицинска сестра како и млечна кујна. Новиот објект ќе ги исполнува сите услови за згрижување на 200 деца“, вели Костовски.

Тој додава дека изградбата на новата детска градинка е најголема инвестиција во населеното место Бутел 2.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ѓорѓиевски ја отстапи функцијата во Кисела Вода: Бети Стаменкоска-Трајкоска е новата мајка на општината

Објавено пред

Орце Ѓорѓиевски, кој во вториот круг од изборите беше избран за градоначалник на Скопје, утрово ја отстапи градоначалничката функција во Општина Кисела Вода на неговата сопартијка, Бети Стаменкоска-Трајкоска. Примопревадањето на функцијата го објави на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

„Кисела Вода од денес има нов градоначалник. Бети Стаменкоска-Трајкоска е новата мајка на општината. Знам колку си посветена, колку искрено ја сакаш Кисела Вода и колку труд вложуваш во сѐ. Убеден сум дека ќе го продолжиш патот кој го трасиравме со истата сила, со ист жар и љубов. Ти благодарам за сѐ што направи и за она што допрва ќе го направиш. А со поддршка на градот Скопје, ќе продолжиме да правиме уште поголеми дела. Го имаш мојот збор!“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

Стаменкоска-Трајкоска беше избрана за градоначалничка на Кисела вода во првиот круг од овие избори, а ја презема функцијата денес откако го доби уверението од Државната изборна комисија.

Ѓорѓиевски, доцна синоќа кога излезе да прослави откога беше избран за градоначалник на Скопје, рече дека го очекува уверението за победа до четврток за да може да почне да го чисти Скопје. Во изборната кампања ветуваше дека за 72 часа откога ќе бид еизбран за градоначалник, ќе го исчисти Скопје од ѓубрето.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Мисајловски: Со освоени 54 општини и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори

Со освоени 54 општини и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори. А владината коалиција, на овие...

Македонија2 часа

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров поднесе оставка

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров, Костадин Ацевски, поднесе оставка поради лошите резултати на локалните избори. Според...

Македонија3 часа

Александар Стојкоски го доби уверението за втор мандат како градоначалник на општина Ѓорче Петров

Општинската изборна комисија денес официјално му го врачи уверението за избор на Александар Стојкоски за градоначалник на општина Ѓорче Петров,...

Македонија3 часа

Глобален индекс на мирот 2025: Русија најнебезбедна земја во светот, Македонија на 51. место

Институтот за економија и мир (IEP) го објави својот годишен глобален индекс на мирот, сеопфатна анализа што рангира 163 земји...

Топ4 часа

Уапсен возач во Скопје: прегазил пешак и избегал од местото на несреќата

Вчера во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“...

Македонија4 часа

Во двор во семејна куќа во Битолско организирани борби со кучиња: поведена постапка против двајца

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233...

Македонија5 часа

„Влен“: Со еден глас Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети!

„Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години...

Свет6 часа

(Видео) Најмалку 20 мртви, а повеќе од 150 повредени во силниот земјотрес во Авганистан

Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди северниот авганистански град Мазар-е Шариф рано наутро во понеделник, при што загинаа...

Регион6 часа

Брнабиќ: Поранешниот претседател на Србија, несреќа од човек, повикува на граѓанска војна

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, остро го критикуваше поранешниот српски претседател Борис Тадиќ откако тој ги повика граѓаните да...

Европа7 часа

Обвинител: Грабежот во „Лувр“ е дело на ситни криминалци, а не на професионалци

Спектакуларната кражба на накит од 88,4 милиони евра во музејот Лувр минатиот месец не е дело на професионални крадци во...

Свет7 часа

Трамп: Не размислувам да испратам ракети „томахавк“ во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека всушност не размислува да ѝ даде на Украина крстосувачки ракети „Томахавк“ со долг дострел....

Македонија14 часа

(Видео) Мециновиќ до гласачите на СДСМ: Браната е пукната и ние сме вашата опција, затоа што Левица е опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Во изминатите два месеци постигнавме нешто што не можевме да го замислиме. Во создавањето на ова движење, во овие 60...

Македонија14 часа

(Видео) Фатмир Дехари падна од народот кој се обедини против раскалашеноста и недомаќинското работење, рече Мицкоски за победата во Кичево

Премиерот и лидер на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва многу порано отколку во првиот круг прогласи голема победа на...

Македонија15 часа

Орце Ѓорѓиевски: Скопје е ослободено!

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја слави победата на денешните избори. Тој вели дека вечерва...

Македонија15 часа

(Видео) Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, вечерва во изјава за медиумите потенцираше дека денеска...

Македонија16 часа

(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата

Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата. Од обработени 97,69% досега,...

Македонија16 часа

(Видео) Филипче: Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во три

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање на вториот круг на изборите....

Македонија16 часа

Митески: Голема победа во Аеродром со 18 илјади гласа

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески упати благодарност за можноста да ја води општината во...

Македонија17 часа

Тошковски ги оцени изборите како најмирни во последните години: Во цела држава имаше 30 пријави, во најголем дел наводите не беа потврдени

Денеска, како во првиот круг од локалните избори, можеме со гордост да констатираме дека и вториот круг помина во исклучително...

Македонија17 часа

(Видео) Левица: Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје

Задоволни сме од излезноста во урбаните средини, исклучок се општините Чаир и Сарај, кадешто има неверојатно мала излезност, дури и...