Црна хроника
Скопјанец осомничен за поседување автоматска пушка и неколку пиштоли
Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
При претрес во домот на осомничениот 41-годишен скопјанец, на 4 април, полициски службеници пронашле оружје кое на граѓаните им е забрането – една автоматска пушка, како и пет пиштоли и делови од оружје, соопшти Обвинителството.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со возило излетале на патот кон Пробиштип, тешко повредена сопатничката
Вчера во 15.20 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионалниот пат од с.Неокази кон Пробиштип, патничко возило „форд“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(65) од Пробиштип, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.П.(66) од Пробиштип, констатирани во Општа болница Кочани.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Почина 56-годишна жена, излетала со возилото на пат во Гевгелиско
Вчера во 07.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопат А1, на делницата од клучка с.Прдејци до клучка с.Смоквица, патничко возило „шкода“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.К.(56) од Гевгелија, излетало надвор од патот.
Од здобиените повреди на местото починала В.К., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија. По наредба на обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.
Црна хроника
Приведен шверцер, пронајдени осум мигранти од Сирија
Денеска во 01.15 часот во близина на с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Д.Б.(25) од Република Турција. При преглед во возилото „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија.
Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите и возилото биле пренесени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.